Оливија Палермо израснала на Горната источна страна на Менхетен, но се пробила со својата работа како лице за односи со јавноста на модната куќа на Дијана вон Фустенгерб, како и со својата улога во реалното шоу „Градот“ (The City). Оливија е една од ретките жени што никогаш не направиле модна грешка и што добро ги познаваат стилските правила.rnrn
rnrnНејзиниот рецепт за совршена мода е многу едноставен: „Малку е многу“. Со други зборови, едноставното е новото комплицирано. Со причина е и понатаму една од најфотографираните улични модни ѕвезди, бидејќи нејзините избори се едноставно без грешка. Иако поседува можноста да носи исклучително високи брендови и креации на славните модни куќи, Оливија никогаш не инсистирала на тоа. Таа секогаш го комбинирала старото и новото, како и парчиња облека од обични продавници во комбинација со врвни брендови и секогаш била успешна во тоа. А, една од главните причини заради кои секогаш успева е тоа што никогаш не претерува.rnrn
rnrnНа кратко, мерата и елеганцијата се нејзините главни оружја за врвен стилски триумф. Погледнете дел од нејзините најпопуларни модни комбинации кои ќе ве инспирираат за беспрекорен моден стил…rn
1. Бел спортски фустан и војнички капут
rn
rn
2. Спој на впечатливо парче облека со класично
rn
rnrnПродолжете на следната страница за да ги дознаете најголемите модни трикови.rnrn