„Чоколадната земја“ во Веро-центарот, сега веќе еден од најголемите настани поврзани со ова слатко задоволство по трети пат нуди дегустација и продажба над 1000 различни чоколадни производи од домашни и странски производители.rnrn
rnrnПотрошувачите ќе имаат можност да уживаат во млечни, бели, црни или чоколади со разни вкусови и додатоци на Европа, Кандид, Милка, Киндер, Најлепше жеље, Марс, Баунти, Милки веј, Твикс, Сникерс, Свис лион, Ритер спорт, Шотеген, Тофифи, Звечево, Микадо, Нестле, Карнила и Кармела.rnrnОд 23 јануари до 19 февруари Веро-центарот ќе понуди чиста чоколадна возбуда и доживување со уникатни игри и активности за најмладите, дегустација на најдобрите чоколада и колачи, можност потрошувачите да научат за потеклото на чоколадата, неговата обработка, кулинарски истражувања и многу повеќе!rnrn
rnrn rn
„И оваа година сме особено задоволни што на потрошувачите можеме да им понудиме најразлични примероци и најголем избор на чоколада, чоколадни бонбони и колачи од големото портфолио на нашите излагачи.rnrnОваа чоколадна екстраваганција ќе развесели многу љубители на чоколадото и ќе им понуди можност за истражување, споделување искуства и уживање во нивниот омилен десерт.rnrnМожете да купите нешто за себе или да однесете како подарок за денот на вљубените“ – изјави Влатко Величков, маркетинг менаџер во Веро супермаркетите.
rn
rnrnВеро-центарот ги повикува сите дечиња заедно со нивните родители да дојдат и да ги вкусат најслатките чоколади и да уживаат во светот создаден само нив.rnrnВе очекуваме во Чоколадната земја.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.