Облека.rnrnНекогаш се користела за да се прикријат срамните делови од телото, и за луѓето да се стоплат кога им било ладно.rn
Денес, спротивно од некогаш, се користи за „софистицирано“ да се откријат срамните делови од телото, зашто модерните времиња ги оперираат луѓето од срам. Всушност облеката во денешно време има мошне пообемна употреба.
Како на пример за да се покаже стил, стандард, вкус.
rnЗа да се истакне социјална положба, класна припадност, професија.rnrnЗа да си привлечен/на и да му се допаднеш некому.rnrnЗа да ја комбинираш со зимски аксесоари кога е ладно, и летни кога е топло.rnrnЗа да се озборува кој што и каде носи. Да покажеш дека следиш мода, или дека некој ја следи на погрешен начин.rnrnЗа ако си глуп да се претставиш како паметен, а и обратно.rnrnЗа ако немаш авторитет да стекнеш, или ако го имаш да го изгубиш.rnrnЗа да ги сокриеш недостатоците на твоето тело и да ги истакнеш предностите, и обратно.rnrnЗа да потрошиш вртоглави суми за партали, или да заработиш богатство креирајќи и продавајќи партали.rnrnОблеката чуда прави, ама тоа е така поради фактот што човештвото уште од многу одамна решило да ја оценува книгата по кориците.rnrnНа крајот на краиштата, тоа е само облека. Ама зависи како ја носиш…rnrnАх, на што само ќе те инспирираат пролетните „попусти“.rnrnПлачи џебу, ама мене ми е добро на душава.rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
