Сигурно понекогаш се чувствувате бесно или љубоморно, но се обидувате да го сокриете тоа бидејќи не сакате другите да ве гледаат како негативна личност. Дали имате сомнежи и стравови од тоа слободно да се изразите? Ако да, вие сте сосем нормална личност.rnrn
rnrnПозитивноста има неверојатно влијание на нашето здравје, но и премногу од неа не е толку добро. Ниту еден човек не може да биде позитивен 100% од времето, а не ни треба. Едно ново истражување покажува дека способноста за искусување и прифаќање на негативните емоции е всушност витална за менталното здравје. За да бидеме здрави и во функција, треба да се поврземе со сите наши емоции, и добрите и лошите.rnrnАко целта ни е да бидеме позитивни, мора да развиеме прифаќање и кон негативните емоции. Наместо да се обидувате да ги избегнете по секоја цена, прифатете ги и научете ја лекцијата која ви ја нудат. Негативните емоции се природни.rn
Негативните емоции го зачинуваат нашиот живот
rnНеизбежно е во текот на животот да имате по некоја негативна ситуација. Колку подолго живеете, толку повеќе ќе се соочувате со проблеми, загуби и фрустрации. Што ако наместо да станете очајни, почнете да ги гледате негативните ситуации како лекции и да ја славите вашата способност за чувствување?rn
Негативните емоции се клучни за нашиот опстанок
rnНегативните емоции се вградени инстинкти кои се клучни за нашето преживување. Тие нè известуваат за опасностите околу нас, ни праќаат сигнал дека нашето здравје можеби не е во ред и слично.rn
Негативното ќе ве натера повеќе да го цените позитивното
rnЕдна од најдобрите придобивки од негативните емоции е тоа што тие ги прават позитивните посилни. Само размислете колку пати не сте обрнувале внимание на нешто додека не сте го изгубиле.rn
Негативните емоции ни ја развиваат емпатијата
rnУште една одлична придобивка од негативните емоции е емпатијата кон луѓето. Велат дека луѓето кои најмногу страдале имаат најголемо срце. И како што рекол Џон Стајнбек:rn
„Можете да ги разберете луѓето само ако ги почувствувате во себе. Најубавите луѓе кои ги знаеме се оние кои се запознаени со поразот, страдањето, борбата, загубата и го пронашле својот пат надвор од длабочините. Овие луѓе имаат почитување и разбирање за животот што ги исполнува со нежност, љубов и грижа. Убавите луѓе не се случуваат случајно.“
rnПогледнете и зошто лошото расположение може да биде добро за вас.rn
