КАФЕ ПАУЗА

Зошто лошото расположение е добро за вас?

Луѓето се суштества со многу променливо расположение. Во нашата култура, емоциите како привремената тага многу често се третираат како болести. Сите мислат дека среќата е нешто што мора постојано да го чувствуваме. И покрај ова, лошото расположение е нешто што го чувствуваме многу често. Време е да ја смениме улогата на лошото расположение. Треба да го сфатиме како нормална, па дури и корисна особина на секој човек.rnrnzoshto-loshoto-raspolozhenie-e-dobro-za-nas-kafepauza.mkrn

Кратка историја на тагата

rnВо минатото кратките епизоди на тага биле прифаќани како нормален дел од секојдневниот живот. Всушност, многу од најголемите достигнувања се поврзани со предизвикување, па дури и култивирање на негативните чувства.rnrnГрчките трагедии ја изложувале и ја тренирале публиката да се справи со неизбежните несреќи кои се дел од човечкиот живот. Шекспировите трагедии се класици бидејќи и тие ја обработуваат оваа тема. И делата на многу големи уметници, како Бетовен и Шопен во музиката, или Чехов во литературата, ја истражуваат тагата.rnrnАнтичките филозофи исто така верувале дека прифаќањето на лошото расположение е клучно за исполнет живот. Дури и хедонистите како Епикур сметале дека добриот живот вклучува паметно судење, воздржување, самоконтрола и прифаќање на некогаш неизбежната беда. Други филозофи, како стоиците исто така ја нагласиле важноста на прифаќањето на несреќите како што се загубата, тагата или неправдата.rn

Која е целта на тагата?

rnПсихолозите што изучуваат како нашите чувства и однесувања се развиле со текот на времето имаат голема улога: тие ни ги укажуваат состојбите на светот на кои треба да реагираме. Всушност, човекот има многу повеќе негативни отколку позитивни чувства. Негативните емоции како страв, бес или срам се од голема помош бидејќи ни помагаат да ги препознаеме и избегнеме заканувачките и опасните ситуации.rnrnНо што е целта на тагата, најчестата негативна емоција? Интензивната тага која трае, како на пример депресијата, очигледно е некое нарушување. Но, благото и привремено лошо расположение има важна и корисна улога во адаптирањето. Тоа ни помага да се справиме со секојдневните предизвици и тешки ситуации. Исто така, кога изгледаме тажни луѓето многу често се загрижени и сакаат да помогнат.rnrnНекои негативни емоции, како меланхолија и носталгија може да бидат и убави, па дури и нудат корисни информации кои ги водат нашите идни планови и мотивација. Тагата исто така ги зголемува емпатијата и моралот, а долго време е и причина за уметничката креативност.rnrnНеодамнешни истражувања покажале дека лошото расположение ни помага да бидеме повнимателни и пофокусирани во тешки ситуации. Од друга страна, доброто расположение има улога на сигнал кој укажува на познати и безбедни ситуации, а тоа резултира со намалено внимание.rn

Психолошки придобивки од тагата

rnПостојат нови докази кои покажуваат дека лошото расположение има психолошки придобивки. За да го демонстрираат ова, истражувачите прво манипулирале со расположението на луѓето (покажувајќи им тажни или среќни филмови), а потоа го мереле нивниот перформанс во разни задачи. Придобивките од тагата се:rnrnПодобра меморија: Во едно истражување, лошото расположение (предизвикано од лоши временски услови) резултирало со подобро помнење на детали од една продавница која луѓето ја посетиле.rnrnПопрецизни заклучоци: Лошото расположение ги намалува „искривувањата“ при првите впечатоци кај луѓето. На пример, судиите со полошо расположение донеле многу попрецизни пресуди поради ефективното преработување на деталите. Луѓето со лошо расположение исто така не се потпираат на стереотипи.rnrnМотивација: Други експерименти покажале дека кога на среќни и тажни испитаници им биле дадени тешки ментални задачи, оние со лошо расположение се труделе повеќе и постигнале подобри резултати.rnrnПодобра комуникација: Луѓето со лошо расположение користат многу поубедливи аргументи за да докажат нешто и подобро се изразувале во текот на разговорот.rnrnЗголемена праведност: Друг експеримент покажал дека лошото расположение ги терало луѓето повеќе да внимаваат на социјалните очекувања и норми, и ги третирале другите со помала себичност и поправедно.rnrnПрочитајте ги и овие интересни психолошки факти.