Верувале или не, едноставниот букет цвеќе не само што го разнежува женското срце туку и го зголемува женското либидо. Ова откритие е резултат на една анкета направена во Франција.rnrn
rnrnОколу 63% од жените на возраст од 18 до 24 години признале дека откако ќе добијат букет цвеќе како подарок од партнерот, имаат зголемена сексуална желба, а истиот одговор го дале и 50% од жените помлади од 65 години. Во анкетата учествувале 3.406 Французинки.rnrnРезултатите покажале дека 62% од жените кои се во врска со истиот партнер најмалку 3 години, имаат зголемена желба за водење љубов доколку саканиот им подари букет цвеќе. Но, овој „букет ефект“ венее како исушено цвеќе откако врската ќе „наполни“ 10 години. Во тој случај, букетот го зголемувал либидото кај 48% од испитаните жени.rnrnШто се однесува до верноста, 64% од жените одговориле дека таквиот гест нема да ги увери дека партнерот им е верен. Спротивно на тоа, 52% од испитаниците одговориле дека добиеното цвеќе од партнерот ги поттикнува да бидат верни.rnrnШто мислите вие на оваа тема? Се согласувате дека е доволно да подарите букет цвеќе за да ја направите саканата среќна?rnrnАко не сте расположени за подарување букет цвеќе, прочитајте која храна го подобрува либидото.
Дознајте кој подарок го зголемува женското либидо
