КАФЕ ПАУЗА

Највредни подароци за партнерот во текот на годината

Највредни подароци кои треба да му ги подарувате на партнерот низ целата година

Новата година и празниците кои се ближат се одличен начин да поминете време со најблиските и фамилијата, повеќе од кога било. Убава храна, најразлични слатки и пијалаци во големи (разумни) количини, добри луѓе, насмевки и среќа – има ли некој што не го сака тоа?rnrnНајвредни подароци кои треба да му ги подарувате на партнерот низ целата годинаrnrnКога станува збор за подароците, сигурно сте купиле нешто за партнерот или барем размислувате да купите. Скап часовник, деликатен зимски парфем, долна облека, омилен пијалак… изборот е ваш. Но, подарувањето не треба да биде само за време на празници и слични поводи. Ни случајно немојте да заборавите да му ги подарувате овие подароци на партнерот во текот на целата година:rn

Сослушување

rnНе брзајте во донесување на заклучоци. Не упаѓајте во збор или во средина на реченица додека партнерот уште зборува. Покажете почит, затворете ја устата и начулете ги ушите.rnrnНајвредни подароци кои треба да му ги подарувате на партнерот низ целата годинаrn

Време

rnНе дозволувајте времето да ве одмине туку така. Престанете да барате изговори зошто денес не можете да излезете на вечера или на забава. Најдете време за партнерот колку и да ви е напорна и стресна работата. Организирајте убава, романтична вечера или незаборавна журка. Правете го тоа еднаш во неделата.rnrnНајвредни подароци кои треба да му ги подарувате на партнерот низ целата годинаrn

Добронамерност

rn

Секогаш сме повеќе наострени кон најблиските или кон партнерот со кој го делиме животот. Зошто тој не го фрлил ѓубрето или ја оставил чешмата да тече? Наместо да се лутите за вакви секојдневни ситуации, покажете добронамерност. Бидете нежни во пристапот, не им давајте до значење на таквите ситуации и видете што ќе се случи.

rn

Највредни подароци кои треба да му ги подарувате на партнерот низ целата година

rnrn

Допир

rnНешто што не смеете да го заборавите. Држење за рака, нежно штипнување за образ, галење по половината, нежен допир на рамениците. Сето тоа пропратено со мали бакнежи.rnrnНајвредни подароци кои треба да му ги подарувате на партнерот низ целата годинаrn

Насмевка

rnНасмевката е нешто што треба да го практикувате секојдневно. И што е најважно, треба да се почувствува дека е вистинска и искрена, а на тоа задоволство му нема крај.rnrnНајвредни подароци кои треба да му ги подарувате на партнерот низ целата годинаrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.