Амели и Елиса: Запознајте ги двете најмодерни сестри на Инстаграм

Сподели

Близначките кои сте ги гледале на филмовите, а кои една на друга си ги довршуваат речениците и носат идентични фризури и модни комбинации, излегоа од малиот екран и се појавија на Инстаграм профилот @sisterlystyle, кој од неодамна го следиме.

Од бајковити, лелеави фустани и оние со многубројни детали проследени со луксузни парчиња до тренди комбинации кои вклучуваат предимензионирани бунди и леопардски принт – овие насмеани сестри секојдневно нè инспирираат.

Реклама

Со нас го споделуваат нивниот вкусен појадок, фотографии од кул дестинации, некои нови начини на кои би можеле да го „зачиниме“ нашиот стил, како да ѝ оддадеме чест на чипката и како да креираме неодоливи фотографии.

Наредниот пат кога ќе одите на прошетка со вашата сестра, не заборавајте да позајмите неколку идеи за фотографирање од Амели и Елиса.

Реклама

Продолжете на следната страница за да ја погледнете нивната #sistergoals атмосфера.rn

Најново

Може ќе ве интересира