Тексасот е материјал од безвременски вид. Се носи секоја година, во секоја сезона и може да се комбинира за различни прилики. И покрај тоа што е карактеристичен за брендовите кои ја диктираат уличната мода, сè поприсутен станува и помеѓу креациите на луксузните дизајнери.rnrn
rnrnДека тексасот премина во високата мода доказ се најновите трендови од модните куќи кои ги најавуваат пролетните колекции за 2014-та. Еден специфичен тренд во оваа насока е т.н. denim on denim во кој тексасот се комбинира со тексас. Луј Витон, Александар Мекквин, Кристифер Кејн се дел од модните компании кои го предлагаат овој вечен тренд во нова варијанта.rnrnПа така, веќе имаме можност да ги видиме модните додатоци во овој стил, а она што можеме да го очекуваме од овој тренд напролет е отмен и шик изглед за секојдневни, но и за вечерни прилики.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.