Доколку сте се определиле за здрав начин на живот, тогаш свесни сте дека еден од вашите приоритети треба да биде и здравјето на срцето. Во продолжение прочитајте кои намирници треба да ги консумирате за да ја подобрите функцијата на вашето срце.rnrn
rn
Печурки
rnПечурките се еден од најдобрите извори на витамин Д. Сигурно ви е добро познат фактот дека витаминот Д игра голема улога во здравјето на коските, но истражувањата покажале дека луѓето со ниско ниво на овој витамин имаат зголемен ризик од срцеви заболувања.rn
Путер од кикирики
rnПутерот од кикирики содржи маснотии кои го штитат вашето срце. Така, следниот пат воопшто не двоумете се и уживајте во вашата вкусна, но и хранлива закуска без да чувствувате вина.rn
Лук
rnСилниот и карактеристичен мирис на лукот се должи на сулфурот. Од друга страна, научниците откриле дека сулфурот помага при одржувањето на крвниот притисок во нормала, но и ги опушта крвните садови. Затоа, не двоумете се да додадете едно чешне повеќе во вашите омилени солени рецепти.rn
Урми
rnУрмите се богат извор на калиум, хранлива состојка која го регулира крвниот притисок и го одржува здравјето на срцето. Освен тоа, тие помагаат и во намалувањето на нивото на триглицеридите и на тој начин дополнително го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.rn
Портокали
rnПортокалите не само што се вкусни туку пред сè тие се здрави, особено кога станува збор за срцето. Кората од портокал содржи растителни влакна наречени пектин кои имаат способност да го апсорбираат лошиот холестерол. Следниот пат додадете кора од портокал во вашите омилени мафини и нема да зажалите.rn
Овесна каша
rnОвесната каша изобилува со растителни влакна кои се борат против лошиот холестерол. Освен тоа, таа содржи и омега-3 масни киселини кои позитивно влијаат врз здравјето на срцето. Доволно е да додадете малку овошје за совршен појадок!rnrnОткако дознавте кои намирници позитивно влијаат врз работата на срцето, можеби ќе сакате да прочитате и како омега-3 масните киселини влијаат поволно врз срцето и мозокот.rnrnИзвор: allwomenstalk.com