Шорцевите веќе не се парче облека за опуштено издание, туку моден хит кој ова лето ги замени кратките здолништа. Тие можат да се носат во различни стилови и за различни намени. Иако со нив ги откривате скоро целите нозе, кога се одлично искомбинирани, тие воопшто не се сметаат за непристојни и вулгарни.rnrn
Шорцеви со висок струк
rnОвие шорцеви се совршени за жени кои негуваат ретро стил и кои сакаат да го нагласат својот струк. Ваквиот вид шорцеви многу лесно може да се искомбинира и за свечени и за лежерни прилики.
rn
Шорцеви со дезени
rnОваа година во мода се материјали со различни принтови мотивирани од флората и фауната, како и риги, точки или некои апстрактни егзотични мотиви. Овие модели најчесто се наменети за носење во слободно време и за лежерно уживање.
rn
Сако во комбинација со шорцеви
rnДоколку одите на работа во сако, пробајте да го искомбинирате со елегантни шорцеви. Оваа комбинација можете да ја искористите и за деловни состаноци, коктели и слични настани.
rn
Комбинација за ноќно излегување
rnДоколку сакате да експериментирате со стиловите и доколку сте љубители на малку поекстравагантни комбинации, особено за вечерно излегување, краткиот шорц во комбинација со интересна блуза или кошула е дефинитивно вистинскиот избор за вас.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
