КАФЕ ПАУЗА

8 нешта што не смеете да ги правите по царскиот рез

8 нешта што не смеете да ги правите по царскиот рез

Како и по секоја операција, така и по царскиот рез е важно да одморате и да му дадете време на телото да закрепне. Заздравувањето обично трае шест недели, а во тој период треба да внимавате, односно да избегнувате да правите одредени нешта. Погледнете за што станува збор.rnrn8 нешта што не смеете да ги правите по царскиот резrnrn1. Избегнувајте да подигнувате што било потешко од вашето новороденче како и тешки физички активности. Исто така, избегнувајте ги и обврските низ домот што е можно подолго за побрзо да ви зарасне раната.rnrn2. Не е препорачливо да возите барем 6 недели по породувањето со царски рез. Некои движења ќе ви предизвикуваат болка и неколку месеци по операцијата.rnrn3. Не заборавајте да пиете многу течности. Многу жени имаат проблем со столицата по царскиот рез бидејќи стомакот е премногу чувствителен. Поради ова важно е да пиете многу вода, да се храните здраво и да се движите откако ќе можете.rnrn4. Избегнувајте да спиете на стомак. Ова може да го продолжи времето за заздравување. А и секако поудобно ќе ви биде спиењето на грб или на страна.rnrn5. Избегнувајте сексуални односи 6 недели по породувањето. Сексот може да биде болен и непријатен, а на раната ѝ е потребно време за заздравување.rnrn6. Избегнувајте скали барем две недели по царскиот рез. Ако спалната или собата на детето се на горниот кат, најдобро е привремено да се преместите долу. Кога ќе почнете да се качувате по скали, одете бавно и внимателно. Можете и да замолите некој да ви помогне во текот на одењето.rnrn7. Ако имате температура или болка која не поминува и станува посилна, немојте да ја игнорирате. Тоа може да биде знак за инфекција.rnrn8. Избегнувајте лежење во полна када, миење со жешка вода, како и капење во базен додека не ви зарасне раната и не престане крварењето. Исто така, избегнувајте употреба на тампони.rnrnПрочитајте ги и овие важни факти за царскиот рез.