Секоја култура си има свои вегетаријански јадења кои ја нагласуваат локалната храна. Јануари е прогласен за месец за промовирање на вегетаријанската исхрана бидејќи во овој период повеќето се придржуваат до своите новогодишни одлуки.rnrn
rnrnВо продолжение прочитајте за некои од најинтересните вегетаријански јадења во светот.rn
Мухамара, Сирија
rnМухамара е намаз кој е карактеристичен за арапската кујна и претставува мешавина од црвени пиперки, пржени ореви, маслиново масло, лебни трошки и таан. Совршено одговара со топло парче леб и е идеален избор за појадок.rnrn
rn
Ајапсандали, Грузија
rnЗа време на студените месеци ништо не може да ја замени топлата чорба или манџа. Таков пример е и ајапсандали, грузиско јадење кое се состои од кромид, лук, модар патлиџан, пиперки, чили пиперки и домати. Сите овие состојки го прават јадењето да биде полно со антиоксиданси и богато со вкусови. Листовите од коријандер пак, му даваат нота на свежина.rnrn
rn
Чана Масала, Индија
rnСложените и мистични вкусови кои се карактеристика на индиската кујна особено доаѓаат до израз во веганското јадење чана масала. Ова јадење се состои од ориз прелиен со мешавина од наут, домат, ѓумбир, чили и сос од куркума. Во сосот се додаваат цимет, гарам масала, доматно пире и кардамон. Резултатот е комбинација од зачини кои му даваат на јадењето посебен вкус.rnrn
rn
Табуле, Либан
rnСтанува збор за варен булгур измешан со сечкани домати, краставици и млад кромид, а посебна свежина му даваат нането и сечканиот магдонос. Сосот се состои од маслиново масло, лук и сок од лимон, а резултатот е јадење кое ќе ви даде чувство на свежина и енергија.rnrn
rn
Мајак Кимбап, Јужна Кореја
rnОва јадење е совршен здрав оброк и е многу популарна улична храна во Јужна Кореја. Се состои од ориз и тенко исечени даикон ротквици, моркови и спанаќ завиткани во ролни од сушени алги. Ролничките се преливаат со масло од сусам и се јадат потопени во соја сос, оризов оцет и сенф.rnrn
rnrnОткако ја прочитавте нашата листа со 5 јадења без месо од различни кулинарски традиции, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вегански бургери од наут и тиква.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr