По прославата на некој именден или слава, многумина честопати остануваат со големи количини неизедени слатки. Ако сакате да зачувате неколку бисквити и колачиња и да го продолжите нивниот рок на траење до прославата на Нова година, следете ги предложените совети и ќе видите дека и тоа е можно.rnrn
rnrnКрцкавите колачиња не толерираат влага, поточно влажната средина ги омекнува и придонесува тие да ја изгубат крцкавоста. Затоа се препорачува да ги чувате во херметички затворен сад.rnrnПреостанатите колачи од обично или лиснато тесто се препорачува да ги замрзнете. Пред да ги ставите во замрзнувач, прво треба да отстојат во фрижидер половина час, а потоа да се префрлат на температура под нулата.rnrnАко сакате да ги зачувате преостанатите полнети бисквити кои треба да бидат сочни, најдобро е да ги чувате во сад во кој сте додале половина исеченото јаболко. Тоа делува како навлажнувач кој ја продолжува свежината на колачите.rnrnНе се препорачува кремастите колачиња да се чуваат во фрижидер повеќе од три дена. По тој период, најдобро е да ги замрзнете, покриени со мрсна хартија, а потоа треба да се префрлат во ќесе или пластичен сад. Пред консумација, имајте предвид дека се потребни најмалку три часа за колачите целосно да се одмрзнат на собна температура.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 12-те начини на кои може да го избегнете вишокот килограми за време на празниците.
Како да не фрлате храна: Совети со кои вашите колачиња ќе останат свежи до Нова година
