КАФЕ ПАУЗА

7-те основни верувања на Индијанците за соништата

7-те основни верувања на Индијанците за соништата

Соништата се важен дел од културата на Индијанците. Тие веруваат дека соништата се продолжение на реалноста, можност за патување во други димензии и можност за комуницирање со предците и духовните водичи. Индијанците ги учат нивните деца да ги помнат нивните соништа за да можат да ги користат како духовни водичи и исцелители. Во продолжение погледнете ги 7-те основни верувања на Индијанците за соништата.rnrn7-те основни верувања на Индијанците за соништатаrn

1. Имаме три души

rnИндијанците веруваат дека луѓето имаат три души и секоја е со своја цел. Првата душа е наречена душа на егото и се наоѓа во здивот на личноста. Втората е душата на телото и главната цел ѝ е да му дава енергија и животна сила на телото кога сме будни. Третата душа е слободна и може да го напушта телото и да патува низ други димензии кога сме во кома, состојба на транс или кога сонуваме.rn

2. Светот на соништата е реален колку и физичкиот свет

rnСпоред Индијанците, во соништата го искусуваме светот на шаманите. Тие веруваат дека сè е живо и поврзано со сè останато. Можеме да патуваме во други димензии, па дури и да разговараме со животни, духовни водичи, па дури и со нашите предци кога сме на астрално патување во соништата. Индијанците веруваат дека не сонуваат нашите тело или ум, туку дека сонува нашата душа.rn

3. Нашите души се способни за комуникација и астрално патување

rnАстралното патување е техника при која душата го напушта телото на одреден период и патува до астралната димензија за да научи нешто. Душата може да комуницира со други души, животни или други битија. Астралното патување може да се изведе и во свесна и будна состојба, како и во несвесна и состојба на сон.rn

Астрално патување за време на сон

rnМногу луѓе го искусиле астралното патување во нивните соништа без воопшто да бидат свесни за тоа. Душата сама го прави ова со цел да ја забрза нејзината духовна еволуција.rn

Астрално патување во будна состојба

rnАко сте заинтересирани за свесно астрално патување, можете да ја „истренирате“ вашата душа со алатки како шамански тапани, вежби со дишење или со пијалакот ајахуаска.rn

4. Животот е еден голем сон

rnИндијанците веруваат дека животот е еден голем сон, слично како концептот Маја на хиндуизмот и будизмот. Тие нагласуваат дека ништо не е постојано и сите живееме во сон.rn

5. Она што се случува во светот на соништата има последици

rnСпоред индијанското племе Хурон личноста има две души, а не три. Едната го имитира физичкото тело, а другата се протега над физичките активности. Втората душа патува за време на соништата и комуницира со други души и водичи. Кога ќе се врати во телото, ги „споделува“ искуствата и учи преку соништата. Според племето Хурон, важно е да се учи од овие соништа за двете души да се обединат и повторно да станат едно.rn

6. Имаме духовни водичи и можеме да ги контактираме преку нашите соништа

rnМногу луѓе кои се на духовно патување работат на нивната душа во текот на спиењето. Многу од увидите и учењата потекнуваат од луцидното сонување. Во културата на Индијанците се обрнува многу внимание на работењето во текот на сонот. Луѓето се охрабрувани да ги помнат нивните соништа и да бараат помош од шамани кои ќе го протолкуваат значењето на сонот и ќе им помогнат на продолжат на духовното патување.rn

7. Соништата се важен дел од лекувањето на губењето на душата

rnСпоред шаманските култури, нашата душа го напушта телото кога сме изложени на многу стрес или поради некој трауматичен настан. Овој процес е познат како губење на душата. Враќањето на душата е навистина моќна шаманска техника. Шаманите им помагаат на луѓето да откријат каде се наоѓа нивната душа преку нивните соништа. Понекогаш и самиот шаман влегува во состојба на транс со цел да ја најде изгубената душа. Кога душата ќе се врати во телото, личноста ќе оздрави и во неа ќе се врати виталноста.rnrnПрочитајте ги и овие неверојатни факти за соништата што сигурно не сте ги слушнале.