За луѓето чија болест на срцето е под контрола, живеењето сами не претставува поголем ризик од кардиоваскуларни проблеми. Ова се резултатите од големо истражување во кое учествувале испитаници од 45 држави.rnrn
rnrnЦели 5 години, истражувачите ја следеле состојбата на над 32.000 пациенти кои имале стабилна болест на коронарните артерии. Односно, немале никакви проблеми со болеста неколку месеци претходно. Околу 11% од испитаниците живееле сами.rnrnОткако ги зеле предвид факторите кои би можеле да влијаат на ризикот од срцевите заболувања, како возраст, пушење и дијабетес, научниците утврдиле дека оние кои живееле сами немале поголем ризик од срцев или мозочен удар, за разлика од оние кои живееле со некој друг.rnrnНаучниците сепак воочиле разлика помеѓу мажите и жените. Мажите кои живееле сами имале 17% поголем ризик за појава од кардиоваскуларни болести.rn
„Мажите кои живеат сами, а претходно биле во брак или живееле со партнер, можеби немаат развиено моќ за прилагодување или поддршка од друштвото“, изјавил доктор Сумеет Ганди, еден од истражувачите.
rnНаучниците издвоиле и некои откритија кои не се статистички значајни, што значи дека потребно е дополнително истражување за нив. На пример, жените кои живееле сами имале помал ризик од инфаркт за разлика од жените или мажите кои живееле со некој.rn
„Жените го воделе домаќинството и можеле да развијат силни вештини за сопствена грижа за разлика од мажите. Жените функционираат поинаку и во друштво можат да имаат посилни врски, па помалку се потпираат на помошта од сопругот или партнерот.“
rnДруг интересен резултат, кој можеби е само случајност, е тоа што луѓето постари од 75 години кои живеел сами имале помал ризик од срцев или мозочен удар, за разлика од оние помлади од 65 години.rnrnПретходните истражувања укажувале дека луѓето кои живеат сами се наводно изложени на поголем ризик од кардиоваскуларни болести. Новите резултати можеби се резултат на подобрената здравствена заштита и подобрата контрола на здравјето.rnrnПогледнете и зошто е најубаво да живеете сами.
