Комбинации на бои кои се вистинско стилско освежување за ова лето

Сподели

Ги испробавте сите главни трендови за ова лето и повеќе немате идеја како да ги „зачините“ вашите модни комбинации? Тогаш е вистинско време од комбинирање на облеката да преминете на комбинирање на боите за да добиете нови комбинации кои ќе бидат модерни и уникатни. Овие комбинации на бои се совршени за лето, а притоа ќе ви дадат едно вистинско стилско освежување.

Реклама

rn

1. Жолта и зелена

rnОваа комбинација на бои асоцира на нешто жешко, егзотично, а истовремено и освежувачко. А, можеби и нè потсетува на лимонада која со задоволство ја консумираме на жештините. Овој спој навистина буди различни асоцијации, а без разлика на кој начин ќе ја испробате, во вид на принт или комбинирање на две еднобојни парчиња облека со овие бои, ќе изгледате подеднакво впечатливо.

Реклама

rn

2. Пастелна розова и сина

rnКога ќе посакате да добиете романтична вибрација, само спојте ги нијансите на пастелна розова и сина. Нам ни се допадна комбинацијата на лелеав фустан и сако, а вие ја имате целата слобода да споите кои било други парчиња облека.

rn

Реклама

3. Сина и црвена

rnСпојот на силно сината и силно црвената боја е чиста љубов и страст! Може ли некој да остане рамнодушен на оваа комбинација на бои? Доволно е да ги облечете вашите омилени шорцеви во комбинација со црвена блуза или кошула и да ги прифатите погледите кои ќе ве следат каде и да се наоѓате.

Продолжете на следната страница за останатите бои…rn

Најново

Може ќе ве интересира