Загадувањето на воздухот станува сè поактуелна тема. Иако можеби има некаков напредок, издувните гасови од автомобилите и фабриките сè уште претставуваат закана за сите суштества со бели дробови. Дали излегувањето надвор е исто како да сте испушиле кутија цигари? Што можеме да направиме за да се заштитиме од загадувањето?rnrn
rn
Опасноста од загадениот воздухот
rnИако според податоците од 1970 година до денес емисијата на штетни гасови е намалена за 70%, ефектите кои ги има загадениот воздух не може да се занемарат. Според еден извештај загадувањето на воздухот било одговорно за смртта на 9 милиони луѓе само во 2015 година.rnrnПостојат 2 нешта кои најмногу ги загрижуваат експертите. Првото е озонот, оној кој се формира кога емисијата на гасови од гориво создава смог. Овој смог ги иритира белите дробови, ја намалува нивната ефикасност и може да предизвика астма, но и други проблеми во текот на животот.rnrnВторото нешто се воздушните честички, кои иако се помали од 2,5 микрометри, сепак носат загадувачи, вклучувајќи и полициклични ароматични јаглеводороди. Штетата која ја прават овие честички е многу поголема од проблеми со белите дробови и астма. Бидејќи честичките се многу мали, тие лесно минуваат низ филтрите и влегуваат во нашите носови и грла. Од таму завршуваат во нашата крв и се разнесени низ целото тело. Тие може да предизвикаат разни кардиоваскуларни проблеми, како и невродегенеративни болести. Се покажало дека бремените жени кои се изложени на овие честички имаат поголем ризик да родат дете со помал коефициент на интелигенција или пак, со нарушување на хиперактивноста и намалено внимание. Исто така загадувањето на воздухот се поврзало и со зголемена дебелина кај децата.rn
Што можете да направите за ова?
rnНаједноставно решение би било да го напуштите загадениот град, но знаеме дека тоа е опција која многумина не можат да си ја дозволат. Во тој случај, постојат некои други чекори кои можете да ги преземете.rn
1. Не вежбајте надвор кога воздухот е многу загаден
rnДенес постојат различни апликации и веб-сајтови кои ви дозволуваат да го видите квалитетот на воздухот во вашиот град. Имајте на ум дека кога загадувањето на воздухот е поголемо, големи се шансите воздухот да биде загаден и во вашиот дом ако живеете во зграда. Кога вежбате вдишувате повеќе од вообичаено, па затоа избегнувајте ја физичката активност во овие денови.rn
2. Вежбајте во паркови наместо покрај прометни улици
rnИсто така избегнувајте да вежбате за време на голем сообраќаен метеж. Ова ќе направи голема разлика за вашите дробови.rn
3. Одржувајте го воздухот дома чист
rnКористете вентилација кога готвите и избегнувајте готвење на отворен оган. Најдобро е да избегнувате секаков вид согорување во вашиот дом.rn
4. Набавете филтер за воздухот
rnИако овие филтри се навистина скапи, ако живеете во многу загадено место вреди да вложите во нешто вакво.rn
5. Ставете растенија во домот
rnПриродните воздушни филтри можат да се погрижат за јаглеродниот диоксид, како и другите загадувачи на воздухот.rn
6. Хранете се здраво
rnИсхраната богата со хранливите материи кои се наоѓаат во овошјето и зеленчукот може да ја намалат штетата од загадениот воздух. Хранливите материи како витамин Ц му помагаат на вашето тело да создаде заштита против опасните молекули кои ги вдишувате.rn
7. Користете чиста енергија
rnАко сте во можност, обидете се да користите чиста енергија. Ова важи и за вашиот автомобил. Сепак најголемите загадувачи во градовите се возилата.rn
8. Бидете активни
rnВистинскиот одговор за овој проблем е делувањето на власта и индустријата.rnrnЗа да помогнете во намалувањето на загаденоста, почнете локално. Учествувајте на состаноци и обидете се да ги охрабрите другите да делуваат за овој проблем. На пример, наместо автомобил користете јавен превоз. Мотивирајте и некој друг да го прави истото.rnrnПогледнете што се случува со вашето тело кога вдишувате загаден воздух.
