КАФЕ ПАУЗА

Колку често треба да ја перете постелнината?

Колку често треба да ја перете постелнината?

Веројатно се прашувате колку често треба да ја менувате и перете вашата постелнина. Дури и ако секоја вечер легнувате во чист кревет, сигурно по само неколку денови чувствувате дека е време да ја исперете постелнината. Во продолжение дознајте нешто повеќе за хигиената во вашата спална соба.rnrnКолку често треба да ја перете постелнината?rn

Чистота на постелнината

rnСпоред експертите, чистотата на постелнината зависи од тоа колку е чиста вашата спална соба, но и навиките што ги имате. Односно, дали вашите миленичиња спијат во вашиот кревет, дали јадете во креветот, дали редовно проветрувате и слично.rnrnИмено, по само еден ден, на вашата постелнина се наоѓаат прашина, коса, мртва кожа и влакна од миленичињата. Доколку често проветрувате, голема е веројатноста во просторијата да влезат и нечистотиите од надвор.rn

Средување

rnНајверојатно помислувате дека постелнината треба да се менува секој ден. Но според експертите подобро е да се обидувате да ја зачувате спалната соба што можно почиста. Просторот за спиење најдобро е да го уредите во скандинавски или минималистички стил, така што чистењето нема да ви биде голема обврска.rnrnВо спалната соба најдобро е да има што помалку покуќнина, а доколку можете не ставајте завеси, тепих и облека.rn

Менување на постелнината

rnСпоред експертите, постелнината треба да ја менувате најмалку еднаш, па дури и два пати неделно. Ова е сосема доволно доколку редовно ја чистите спалната. Постелнината треба да ја перете на висока температура. Доколку имате сушална, со нејзина помош ќе ги отстраните и останатите бактерии и прашина.rn

Перење

rnСредството за перење ќе ви помогне да отстраните дел од прашината и нечистотиите. За да се осигурите дека сте отстраниле речиси сè, најдобро е постелнината да ја перете на 90 до 95 степени Целзиусови.rnrnПогледнете и како да ги исперете пожолтените перници.