За да му помогнеме на нашето тело да се исчисти од токсините кои се таложеле во текот на зимскиот период, треба да му ја олесниме функцијата на организмот преку внесување полесна храна. Помеѓу продуктите кои се задолжителни на прво место се наоѓа свежото овошје, но и свежиот зеленчук.
Експертите потсетуваат дека еден од најдобрите и најпрактични начини за да се исчисти организмот е исфрлување на рафинираните и индустриските продукти од исхраната. Важно е два-три дена да се пијат многу течности и да се јаде многу свеж зеленчук и овошје. Ваквиот режим на исхрана ќе овозможи губење на килограми, телото ќе ја добие потребната енергија, а кожата ќе ви свети.rnrnДетоксикацијата освежува, но токсините кои се исфрлаат за време на нејзиното спроведување мораат да поминат низ крвотокот, па можат да се јават одредени контраефекти, како осипи, мачнина, течење крв од носот или дијареа. Но, важно е да ја издржите детоксикацијата бидејќи нејзините резултати ќе бидат фантастични.rn
Прв ден
rnНаутро: Во чаша од 2 децилитри растворете половина лимон и топла вода и испијте ја.rnrnОстатокот од денот: Кога ќе почувствувате глад, јадете грозје. Доколку не му е сезона на грозјето, одберете овошје кое е актуелно во сезоната. Дозволено е да изедете еден килограм овошје. Пијте многу течности, минимум 8 чаши од 2 децилитри вода, билни чаеви и свежо цеден сок.rn
Втор ден
rnНаутро: Во чаша од 2 децилитри растворете половина лимон и топла вода и испијте ја.rnrnОстатокот од денот: Пијте многу чаеви и свежо цедени сокови, разредени со вода во сооднос 1:1.rn
Трет ден
rnПојадок: Јадете свеж зеленчук и свежо овошје и пијте многу вода и билни чаеви. Наместо овошје можете да пиете свежо цеден сок од мешано овошје.rnrnРучек: Салата од свеж зеленчук и многу течности.rnrnВечера: Чорба од зеленчук и многу течности.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
