Која намирница може значително да го намали ризикот од деменција?

Сподели

Деменцијата е болест која сè повеќе се појавува кај постарата популација. Затоа, важно e во текот на животот да размислуваме за здравјето на нашиот мозок, да го развиваме, да учиме, да имаме квалитетен сон, но и внимателно да ја избираме храната што ја внесуваме во организмот.

Реклама

Експертите истакнуваат дека изборот на одредени намирници исто така може да го активира и потхранува мозокот, а најважна е исхраната богата со омега-3 масни киселини.

Омега-3 масните киселини се најдобри хранливи материи за мозокот и тие најмногу се содржат во рибата. Истражувањата покажале дека јадењето риба барем еднаш неделно може позитивно да влијае на мозокот и да го намали ризикот од деменција во староста.

Од рибите се издвојуваат лососот, скушата, туната и харингата кои имаат највисоко ниво на омега-3 масни киселини меѓу природната храна. Покрај тоа што има корисен ефект врз мозокот, храната богата со омега-3 е одлична за намалување на ризикот од срцеви заболувања и го регулира нивото на триглицериди, намалувајќи го ризикот од артритис.rn

На кој начин омега-3 масните киселини му помагаат на нашиот мозок и нервниот систем?

rn

    rn 011

  • Заштита на клеточните мембрани
  • rn 011

  • Олеснување на комуникацијата помеѓу невроните
  • rn 011

  • Помош во синтезата и функцијата на невротрансмитерите
  • rn 011

  • Поддршка на протокот на крв во мозокот
  • rn 011

  • Помош во растот на мозочното ткиво
  • rn 011

  • Благотворно делуваат врз меморијата
  • rn 011

  • Го намалуваат ризикот од анксиозност и депресија
  • rn 011

  • Го намалуваат ризикот од деменција
  • rn

rnОбидете се барем еднаш неделно да јадете риба со зеленчук или житарки за здравјето на мозокот и на целото тело.

Откако прочитавте кои намирници можат значително да го намалат ризикот од деменција, можеби ќе сакате да прочитате и 14 рани знаци на предупредување дека некој ваш близок можеби страда од деменција.

Извор: sensa.mondo.rs

Најново

Може ќе ве интересира