Еден рефлексолог споделува 2-минутна масажа на стапалата што може да ви помогне да заспиете како бебе

Сподели

Симптомите на несоница се среќаваат кај 1/3 од општата популација. А, тоа може да доведе до многу сериозни последици. Затоа, важно е да се обратите внимание на тоа како заспивате и да се обидете да воспоставите спиење без прекини. Многу луѓе прибегнуваат кон лекови, но ние би сакале да ви предложиме поинаков начин за решавање на проблемот.

Реклама

Имено, оваа масажа на стапалата сигурно ќе ви помогне брзо да заспиете. Во продолжение прочитајте неколку техники кои ќе ви одземат многу малку време, но ќе ви овозможат одличен ноќен сон.

Мајкл Стивенс, рефлексолог, објаснува како сами да ги измасирате своите стапала во неколку чекори. Додадовме уште неколку техники кои може да ги комбинирате со советите од докторот.rn

Чекор 1

rnМоже да започнете од најгорниот дел од палецот. Масирајте ја оваа точка со кружни движења, а потоа малку притиснете и почекајте неколку секунди.rn

Чекор 2

rnМасирајте го ножниот палец започнувајќи од страната на прстот и движете се од неговото дно кон врвот. Потоа одете до центарот, па кон другата страна на прстот. Повторете ги движењата најмалку трипати.rn

Чекор 3

rnМасирајте го горниот дел од стапалото. Движете се нагоре кон прстите, притискајќи врз сите делови од долниот дел на стапалото. Повторете го и овој чекор неколкупати.rn

Чекор 4

rnМасирајте го средниот дел од стапало. За да го направите тоа, притискајте со палецот од едниот до другиот крај по неговата ширина, со кружни движења. Повторете го и ова најмалку трипати.rn

Чекор 5

rnМасирајте го централниот дел  од стапалото употребувајќи го палецот, со кружни движења. Потоа, притиснете ја обележаната точка и држете неколку секунди.rn

Чекор 6

rnНежно повлечете го секој прст нагоре. Започнете со најголемиот прст и движете се кон најмалиот. Повторете ја вежбата неколкупати. Може, исто така, да го масирате и делот помеѓу прстите.rn

Чекор 7

rnТреба да ја пронајдете највисоката точка од вашиот глужд од внатрешната страна на ногата. Потоа пресметајте широчина од 4 прсти од оваа точка нагоре. Притиснете зад коската и масирајте со кружни движења околу 5 секунди. Бремените жени треба да ја избегнуваат оваа точка на притисок.rn

Чекор 8

rnЛегнете на грб и свиткајте ги колената. Земете го стапалото во рака и опфатете го со прстите. Ќе почувствувате вдлабнатина на дното од стапалото. Притиснете ја оваа точка и масирајте ја со кружни движења. Повторете ја масажата и со другото стапало.

Можеби сакате да откриете и што е кинеска самомасажа и зошто е толку популарна во последно време?

Популарно

Може ќе ве интересира