КАФЕ ПАУЗА

14 рани знаци на предупредување дека некој ваш близок можеби страда од деменција

14 рани знаци на предупредување дека некој ваш близок можеби страда од деменција

Written by

in

,

Деменција е општ термин што се користи за опаѓање на менталните способности. Ова опаѓање може да биде толку сериозно што луѓето кои страдаат од него не можат нормално да функционираат во секојдневниот живот. Некои од симптомите вклучуваат губење на меморијата, проблеми со изразувањето и неспособност да се задржи вниманието и концентрацијата.rnrn14 рани знаци на предупредување дека некој ваш близок можеби страда од деменцијаrnrnНајчестите форми на деменција се прогресивни. Тоа значи дека почнуваат со поблаги симптоми кои се влошуваат како што минува времето. Во продолжение, прочитајте ги 14-те рани знаци на предупредување за кои треба да бидете свесни. Ако ги забележите следниве симптоми кај некој ваш близок, побарајте лекарска помош за да го откриете проблемот што е можно побрзо…rn

1. Не можат да ги најдат вистинските зборови

rnКога некој не може да ги изрази своите мисли со зборови, можно е да постои некаков скриен проблем. Тешко е да се разговара со човек кој страда од деменција, а ситуацијата може само да се влошува како што минува времето.rn

2. Изгубиле интерес за нивните хобија

rnЛуѓето кои страдаат од деменција почнуваат да се менуваат и се претвораат во апатични личности. Ова е нешто на коешто би требало да обрнете внимание.rn

3. Лесно се збунуваат

rnЛичноста порано била многу паметна, но сега лесно се збунуваат. Иако нормално е да се случи ова кај повозрасните луѓе, кога се работи за деменција, влошувањето на состојбата се одвива многу побрзо.rn

4. Промени во расположението

rnЛуѓето со деменција лесно се нервираат и многу често стануваат депресивни. Поединците кои порано биле весели, сега многу лесно се фрустрираат и повлекуваат.rn

5. Често се повторуваат

rnЛуѓето кои страдаат од деменција ги повторуваат едните исти работи одново и одново или постојано ја раскажуваат истата приказна секогаш кога ќе се видите. Ова е веќе еден од посериозните симптоми, така што веќе би требало да имате преземено мерки пред да се развие болеста до овој степен. Личноста не е свесна дека ви ја кажала истата работа 10 пати досега.rn

6. Не можат да извршуваат обични задачи

rnСтанува збор за еден од посериозните симптоми, но некои форми на деменција се развиваат многу брзо, така што кај одредени луѓе ова може да се смета за ран знак на предупредување. Ако некој не може да ги завршува секојдневните задачи, треба да им помогнете. Кога некој постојано заборава нешто, лесно може да дојде до катастрофални последици. Можете ли да си замислите што ќе се случи ако заборавите да го исклучите шпоретот?rn

7. Не можат да се прилагодат на промени

rnЛуѓето со деменција не сакаат да пробуваат нови работи. Иако честопати го занемаруваме овој знак, бидејќи сметаме дека постојат многу луѓе кои не сакаат да излезат од удобната зона, сепак, може да се работи за нешто многу посериозно.rnrn14 рани знаци на предупредување дека некој ваш близок можеби страда од деменцијаrn

8. Немаат ориентација

rnАко личноста не може да снајде во домот или на место каде што била стотици пати, тоа е многу лош знак. Без разлика на тоа колку пати сте го потсетиле вашиот близок каде се наоѓа, тој сѐ уште нема ориентација.rn

9. Промени во краткотрајната меморија

rnПонекогаш станува збор за заборавање мали работи, како на пример каде се житариците и слично, но некогаш станува збор за посериозни нешта, како на пример каде е паркиран автомобилот., иако тој е во непосредна близина. Сѐ зависи од тоа колку брзо напредува болеста.rn

10. Не можат да се сконцентрираат

rnЛуѓето со деменција не можат да се сконцентрираат. Ова на почетокот не се забележува многу, но ако обрнете поголемо внимание, ќе можете да го забележите. Побарајте од вашите најблиски да направат нешто и видете колку долго ќе им треба за да ја завршат задачата.rn

11. Се повлекуваат во себе

rnАко некој ваш близок почне да се повлекува во себе, тоа не е добар знак. Повозрасните луѓе честопати стануваат многу осамени и важно е да им дадете до знаење дека сте тука за нив. Не дозволувајте да страдаат сами, бидете покрај нив без оглед на сѐ.rn

12. Не можат да се сетат на работи што се случиле пред кратко време

rnВчера сте биле во продавница, но личноста не се сеќава на тоа. Ова е голем знак на предупредување. Ако забележите нешто слично, веднаш треба да побарате лекарска помош.rn

13. Им се менува апстрактното размислување

rnАпстрактно размислување е способност да размислувате за работи кои не се физички присутни. На пример, разгледувате фото албум и вашиот близок може да се сети на минатото, но ако спомнете нешто што се случило без да ја покажете фотографијата, личноста нема да може да се сети.rn

14. Не можат да донесуваат разумни одлуки

rnЛошата проценка е еден од најголемите знаци на предупредување кој обично се јавува кај пациентите кои страдаат од Алцхајмерова болест. Тие поединци не можат да ги земат сите податоци предвид пред да донесат конечна одлука. На пример, вашата баба паднала и се повредила, но кога се вратила дома, не ги преземала потребните мерки за да се заштити. Очигледно е дека треба да остане во кревет, но личноста инсистира да стане и да направи вечера.rnrnДеменцијата е страшна појава не само за личноста која страда од неа туку и за сите луѓе околу неа. Ако некој ваш близок има деменција, запомнете дека му требате многу повеќе одошто мислите. Не ги занемарувајте вашите најблиски со ваков проблем, бидете тука за нив и погрижете се да ја добијат потребната помош.rnrnВо продолжение прочитајте за психолошките нарушувања кои најчесто се погрешно дијагностицирани.