Кратки, со средна должина, долги, над колена… Има толку многу модели на чизми и секој е совршен на свој начин. Девојките обично избираат кои модели ќе ги носат во зависност од нивната телесна градба, па така владее мислењето дека кратките чизми не стојат добро на девојките со кратки нозе, а дека долгите чизми ги издолжуваат. Сепак, овие мислења често се соборуваат бидејќи сѐ зависи од моделот и начинот на комбинирање.rnrn
rnrnАко ви се допаѓаат чизмите над колена, еве неколку предлози како да ги носите.rn
1. Со туника
rn
rnrnТуниките одлично изгледаат во комбинација со чизмите над колена поради нивната совршена должина. Можете да додадете и пар хеланки или хулахопки со интересен дизајн и ќе имате подготвен финален изглед. На пример, можете да се облечете во црно, да ставите чизми над колена во друга боја и да дополните со долг капут или јакна. Ова е одлична идеја за професионален, а модерен изглед на работното место.rn
2. Со кожна јакна
rn
rnrnКожната јакна и чизмите над колена се едни од најдобрите комбинации. Во зависност од остатокот на облеката, можете да изгледате свечено и секси или модерно и опуштено.rn
3. Со фармерки
rn
rnrnЧизмите над колена добро стојат и со фармерките. Нозете изгледаат визуелно подолги, а целиот изглед никогаш не излегува од мода. Додадете во оваа безвременска комбинација и некоја едноставна кошула, шешир или интересна торба и ќе бидете вистинска дама.rn
4. Со фустан
rn
rnrnЗа едноставна дневна варијанта одлучете се за вашиот омилен пар чизми над колена во комбинација со минималистички фустан. За да го направите вашиот изглед повпечатлив додадете и поексцентричен моден додаток.rn
5. Со здолниште
rn
rnrnАко не знаете што да облечете за прошетка или кафе со пријателите, секогаш е добра идеја да комбинирате чизми над колена и мини здолниште. Додадете еднобојна ролка, јакна и очила за сонце и ќе добиете изглед кој е во тренд и што е уште поважно, изглед во кој ќе се чувствувате удобно.
