КАФЕ ПАУЗА

Кои здрави состојки се идеални за нега на чувствителната кожа?

Кои здрави состојки се идеални за нега на чувствителната кожа?

Дали честопати се двоумите околу тоа каков тип на производи треба да користите за нега на вашата чувствителна кожа? Во продолжение прочитајте го нашиот список со состојки кои, според експертите, треба да бидат вклучени во вашите секојдневни ритуали доколку сакате да имате прекрасна и негувана кожа.rnrnКои здрави состојки се идеални за нега на чувствителната кожа?rn

Е витамин

rnЕ витаминот е неопходна состојка кога станува збор за здравјето на кожата. Помага во создавањето колаген и ја одржува кожата млада и свежа. Освен тоа, ја штити кожата од слободните радикали и ја одржува нејзината хидратација. Витаминот Е најчесто се состои во средства за чистење на лицето како и маските за лице.rn

Краставица

rnВообичаено, експертите препорачуваат поголема употреба на природните состојки, особено доколку станува збор за чувствителна кожа, па така краставицата не е исклучок. Покрај тоа, краставицата не само што ја смирува туку и го зголемува нивото на хидратација на кожата.rn

Камилица

rnЧајот од камилица не само што може да ви помогне да се опуштите туку е и одличен избор за чувствителната кожа благодарение на антиинфламаторните својства.rn

Алое вера

rnАлое вера е растение кое со децении се користи во медицината. Најчесто се употребува за смирување на изгореници, но може да биде и одлична состојка во негата на чувствителна кожа. Многубројните испитувања докажале дека производите со алое вера можат да ја смират иритацијата и да го намалат воспалението на кожата.rn

Морски алги

rnМорските алги се моќна состојка во борбата против слободните радикали. Освен тоа, нивните хранливи состојки ја одржуваат кожата млада и здрава, така што нема да погрешите доколку ги вклучите во вашата секојдневна рутина.rnrnОткако прочитавте кои здрави состојки можете да ги користите за вашата чувствителна кожа, можеби ќе сакате да прочитате и како антиоксидансите да станат дел од вашата рутина за нега на кожата.rnrnИзвор: allwomenstalk.com