КАФЕ ПАУЗА

Како антиоксидансите да станат дел од вашата рутина за нега на кожата?

Како антиоксидансите да станат дел од вашата рутина за нега на кожата?

Можеби веќе ви е познато дека за кожата нормално да функционира ѝ се потребни антиоксиданси кои се борат против слободните радикали. Тие се и моќно средство особено при намалување на појавата на знаците на стареење како тенки линии и брчки. Во продолжение прочитајте за благотворното дејство на антиоксидансите врз секаков тип на кожа.rnrnКако антиоксидансите да станат дел од вашата рутина за нега на кожата?rn

За отстранување на темните дамки и производство на колаген: Витамин Ц

rnЦ витаминот е еден од најпопуларните антиоксиданси. Иако овој витамин може да биде многу ефикасен кога станува збор за негување на кожата, сепак неговата најголема функција е да ја осветли кожата и да ги минимизира темните дамки кои се поврзани со фотостареењето, предизвикано од УВ зраците. Витаминот Ц исто така го стабилизира нивото на природниот колаген. Овој антиоксиданс придонесува за помазен и посјаен тен на кожата.rn

За формирање заштитна бариера на кожата: Коензим Q10

rnДоколку се справувате со кожни проблеми, можеби коензимот Q10 би ви била најдобрата опција. Овој коензим е состојка која се наоѓа во сите клетки и има силни антиоксиндантни својства: штити од липидна пероксидација или процесот преку кој слободните радикали ги оштетуваат клеточните мембрани при што се ослабнува функцијата на заштитната кожна бариера. Покрај тоа, овој коензим им помага на клетките да останат млади и здрави.rn

За сува кожа: Витамин Е

rnЕ витаминот е еден од најраспространетите витамини во кожата кој е растворлив во масти и затоа е неопходен за здрава кожа. Го забрзува процесот на заздравување на кожата, а истовремено и ја навлажнува што го прави одлична состојка во сите видови креми и лосиони.rn

За борба против акните: Ниацинамид

rnПознат како витамин Б3, ниацинамидот е моќен антиоксиданс кој ја подобрува текстурата на кожата. Овој витамин е особено добар за луѓе со чувствителна кожа благодарение на неговата способност да ја зајакне бариерата на кожата. Содржи и антиинфламаторни својства кои помагаат во борбата против акните но и го смируваат црвенилото што е вообичаено при појава на акни.rn

За чувствителна кожа: Полифеноли

rnОвие антиоксиданси се наоѓаат во зеленчукот, зелениот чај како и одредени видови овошје. Покрај тоа што содржат антиоксидантни својства кои се заштита од оксидативниот стрес, тие исто така се карактеризираат и со антиинфламаторни својства кои помагаат да се намалат знаците на чувствителна кожа како црвенило или иритација. Ресвератрол е одличен полифенол кој има антиинфламаторни, антигабични и антибактериски придобивки. Овој полифенол се наоѓа во лушпата на овошје како грозје и бобинки.rnrnПостојат различни начини како да ги вклучите антиоксидантите во вашата секојдневна рутина. Тоа можете да го направите преку исхрана, серуми, креми и лосиони за лице и тело.rnrnОткако прочитавте кои антиоксиданси се поволни за здравјето на вашата кожа, можеби ќе сакате да откриете и дали е безбедно да користите боракс за вашата кожа.rnrnИзвор: mindbodygreen.com