Кои видови протеини можете да ги комбинирате со овесната каша?

Сподели

Ако барате рецепт за појадок кој не само што ќе ве држи сити туку и полни со енергија во текот на целиот ден, нема да погрешите доколку додадете протеини во вашата овесна каша.

Реклама

Овесната каша е полна со витамини, хранливи материи, антиоксиданси, квалитетни јаглехидрати и, се разбира, растителни влакна. Освен тоа, таа е брза и лесна за подготовка.

Иако овесната каша нуди мноштво здравствени придобивки како намалување на ризикот од срцеви заболувања и намалување на шеќерот во крвта, оваа намирница делува многу помоќно кога се консумира со протеини.

Покрај тоа што ќе ви помогне да се чувствувате сити подолг временски период, протеинот може да биде суштински макронутриент кој благотворно влијае врз здравјето на коските, мускулите, кожата и ткивото на вашето тело. Од друга страна, со оглед на тоа дека протеинот се разградува побавно од јаглехидратите во вашето тело, може да ве снабдува подолго време со енергија отколку ако јадете само јаглехидрати. Во продолжение прочитајте кои протеини се идеални за вашата овесна каша.rn

Млеко

rnВодата може да изгледа како очигледна опција кога правите овесна каша. Сепак, за дополнителен внес на протеини, нутриционистите препорачуваат да ја замените водата со млеко.rn

Грчки јогурт

rnДруг протеин од семејството на млечни производи што може да ја зголеми хранливата вредност на вашата овесна каша е грчкиот јогурт. Тој е богат со калциум и други хранливи материи кои го одржуваат здравјето на коските. Освен тоа, пробиотиците кои се содржат во грчкиот јогурт благотворно влијаат и врз цревата.rn

Јајца или белки

rnАко претпочитате солен појадок тогаш додавањето јајца во вашата овесна каша може да биде вистинскиот избор. Јајцата не само што изобилуваат со висококвалитетни протеини, туку содржат и витамин Б12, холин и голем број други важни хранливи материи.rn

Путер од кикирики и јаткасти плодови

rnНе само што можат да го подобрат вкусот на овесната каша туку јаткастите плодови можат да ја збогатат кашата со протеини и здрави масти. Меѓу другото, јаткастите плодови имаат нутритивни карактеристики кои можат дури и да спречат одредени болести.

Откако прочитавте како да додадете протеини во вашата овесна каша, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за запечена овесна каша.

Извор: eatthis.com

Популарно

Може ќе ве интересира