Сите проблеми со спротивниот пол влечат корени од нашето детство. Каков однос сме имале со мајката или со таткото, таков однос ќе имаме и со нашите сопружници, тврди психологот Јулија Талантсева.rn
Влијанието на мајката
rn
rnrnМајката е почеток на сѐ, таа априори не може да биде добра или лоша, таа е само мајка. Дури и ако психолошки несвесно му наштетила на своето дете, тоа е само последица од нејзиното лошо детство или од лошиот однос со нејзините родители.rn
Мајка која не посветила многу време на своето дете
rnМајката која често го оставала своето дете кај роднините, која прерано го запишала во градинка или која, во главно, била зафатена со самата себе, кариерата или со некое хоби – сето ова може да влијае врз детето, така што тоа ќе почне да го гледа животот во црно-бело.rnrnОткако ќе порасне, ова дете, сега веќе маж, ќе оди во екстреми во односот со спротивниот пол: прво ќе љуби до лудило, а потоа жестоко ќе мрази. Со вакво стереотипно размислување, тешко е да се изгради здрав однос.rn
Самохрана мајка
rnДецата на самохраните мајки, кои виделе и знаат колку е тешко, не можат да изградат свое семејство бидејќи имаат грижа на совест ако ја остават мајката сама. Девојките често имаат несоодветни односи со мажите, а момчињата избираат партнерка која им изразува сожалување, а потоа цел живот патат поради недостаток на љубов.rn
Семејство во кое има многу кавги, а детето е во улога на „судија“
rnВо семејствата каде што детето било т.н. „судија“ меѓу кавгите на родителите, подоцна ќе развие ниска самодоверба и за него животот на другите секогаш ќе биде поважен од неговиот.rn
Влијанието на таткото
rn
rnrnТаткото е глава на семејството, на неговите правила и прописи. Односот на ќерката со спротивниот пол зависи од односот со таткото. Синовите, откако ќе пораснат, во некои ситуации почнуваат да се однесуваат како таткото. Исто така, неретко тие со жените се однесуваат исто како што нивниот татко се однесувал со нивната мајка.rn
Татко кој често го повредувал детето со навреди, кавги и грубости
rnЌерките на ваквите татковци бираат силни и цврсти мажи за свои животни придружници, кои понекогаш знаат и да ги навредат.rnrnСиновите на овие татковци често се мета на навреди од околината, но тие самите не сакаат да ги повредуваат другите.rn
Татко кој не бил присутен во воспитувањето на детето
rnЌерките на ваквите татковци се заљубуваат во рамнодушни или оженети мажи.rnrnСиновите, пак, се еднакво ладни и тешко ги изговараат зборовите „те сакам“ бидејќи, според нив, тоа е знак на слабост.rn
Татко кој бил премногу зафатен со работата или имал друго семејство
rnНивните ќерки се спремни да станат нечии љубовници или да прифатат љубов на далечина.rnrnСиновите, во најдобар случај, одат во спротивност – стануваат верни мажи и добри татковци, а во најлош случај односот со жените го доживуваат како забава.rnrnЗа да изградите силни и здрави односи, треба да се ослободите од влијанието на родителите со помош на искусен психолог, кој за вас ќе развие индивидуална здравствена програма.rnrnСледно, дознајте кои се нештата што секој маж треба да ги знае откако ќе стане татко.
