КАФЕ ПАУЗА

Кои се негативните последици од претераното размислување?

Кои се негативните последици од претераното размислување?

Written by

in

,

Иако претерано размислување е нешто што многумина од нас го прават, сепак важно е да бидеме свесни за неговото негативно влијание. Доколку, пак, премине во хронична фаза, претераното размислување може значително да ја влоши нашата благосостојба. Ова се најчестите последици до кои може да доведе претераното размислување.rnrnКои се негативните последици од претераното размислување?rn

1. Чувствувате помалку радост

rnКога претерано размислувате за одредена работа вие не го живеете сегашниот момент. Ова се заснова на самиот факт дека не можете да бидете на две места одеднаш. Ако постојано заборавате на деталите за вашата околина и луѓето во неа, голема е веројатноста дека сте преокупирани со светот во вашиот ум.rnАко вашата цел е да бидете среќни тогаш бидете сигурни дека нема да ја пронајдете среќата со претерано размислување.rn

2. Нарушени односи со другите

rnДали некогаш ви се случило да бидете покрај некого кој е цело време отсутен со мислите? Како се чувствувавте во тие моменти? Фрустрирачки, нели? Имајте на ум дека здравата врска бара поврзаност и присутност, а таа е оневозможена кога едната страна (или двете) не е присутна.rn

3. Хронична исцрпеност

rnЕден од главните несакани ефекти на хроничното претерано размислување е физичката исцрпеност. Ако се чувствувате постојано исцрпени без никакво објаснување зошто, тогаш најверојатно главниот виновник се вашите мисли.rn

4. Не можете да заспиете

rnВашите мисли можат да ве спречат да заспиете и на тој начин да го оневозможат вашиот одмор. Освен тоа, недостатокот на сон може да доведе и до многу други здравствени проблеми.rnrnОткако прочитавте за последиците од претераното размислување, можеби ќе сакате да прочитате и нашите совети за оптимистичко размислување и позитивен поглед на животот.rnrnИзвор: themindsjournal.com