Секоја љубовна врска е исполнета со успеси и падови. На почетокот од врската веројатно ќе ви биде тешко да се покажете во вистинското светло, бидејќи не сте сигурни каков впечаток ќе оставите и дали партнерот ќе продолжи да ве сака откако вистински ќе ве запознае. Колку и да се плашите, многу е важно да бидете искрени и свои, особено ако се работи за посериозна врска. Ова се работите што никако не смеете да ги криете од вашиот партнер…rnrn
rn
Вашето вистинско лице
rnАко чувствувате дека треба да се однесувате на одреден начин или да глумите додека сте со партнерот, тоа укажува на проблем во врската. Не плашете се да го покажете вашето вистинско лице и да си го искажете мислењето.rn
Вашите идни планови
rnИсто така многу е важно да ги споделите вашите идеи поврзани со животните области кои би сакале да ги промените и развивате. На пример, доколку сонувате да живеете во одредена земја, тоа треба навреме да му го кажете на партнерот за да може да ве поддржи и да ви помогне во остварувањето на целите.rn
Вашите навики за трошење пари
rnНикогаш не треба да ги криете вашите финансиски средства. Нормално дека не треба да ги делите сите пари, но вашиот партнер би требало да знае со колку пари располагате и колку трошите. На тој начин ќе можете да функционирате како целина и да си помагате.rn
Вашата желба да станете родители
rnУште веднаш мора да бидете искрени околу вашите желби за основање семејство. Некои луѓе не си ја замислуваат иднината со деца. Ако и вашиот случај е таков, мора да го спомнете тоа пред врската да стане премногу сериозна. Можете да разговарате и за тоа колку деца би сакале да имате и како планирате да ги воспитувате.rnrn
rn
Вашите лични борби
rnЛуѓето обично ги кријат тешките проблеми со кои се соочиле во минатото како што се на пример, нарушувањата во исхраната, ниската самодоверба и незадоволството од себе. Но, кога ќе ги споделите вашите маки и потешкотии не само што ќе ја зацврстите врската преку вашата ранливост, туку и ќе ги поставите темелите за изградба на една отворена врска ослободена од секакви предрасуди.rn
Вашите семејни драми
rnСекако дека крајната одлука дали ќе ги откриете семејните проблеми останува на вас, но експертите советуваат дека не е добро да чувате тајни поврзани со вашата фамилија. Порано или подоцна, вистината ќе излезе на виделина и вашиот партнер можеби ќе почне да се прашува зошто не сте можеле да му се доверите.rn
Вашиот мобилен телефон
rnАко го криете телефонот од вашиот партнер, тоа може да делува сомнително. Секако дека не треба да го споделувате секој детаљ од пораките што ги добивате, но не е во ред ни ако ги криете пораките и го држите телефонот што е можно подалеку од саканиот или саканата. Бидете искрени и имајте доверба во партнерот дека нема да почне да ви го чепка телефонот ако го оставите без надзор.rn
Вашите поранешни врски
rnАко некој ве осудува врз основа на вашите врски во минатото, тој човек не е најдобриот избор за вас. Бидете искрени околу вашите поранешни партнери и отворено разговарајте за негативните и позитивните страни на тие врски.rn
Бели лаги
rnИако белите лаги понекогаш се дозволени, бидејќи нема потреба да ја повредувате саканата личност ако се работи за нешто безначајно, честопати тие бели лаги знаат да се натрупаат и да се претворат во поголеми лаги кои со текот на времето можат да ја уништат врската. Искреноста за работите што се чинат мали може да биде многу корисна, бидејќи никогаш не знаете што се крие под површината на навидум безопасните лаги.rnrn
rn
Вашите долгови
rnЛуѓето обично се срамат да зборуваат за нивните финансии ако заработуваат повеќе или помалку од нивните партнери, а особено ако се заглавени во големи долгови. Сите овие ситуации откриваат многу за вашиот начин на живот и идни планови. Ако разговарате отворено за вашите финансии, ќе ги одбегнете малите караници кои можат да произлезат од некои недоразбирања поврзани со вашата или со финансиската состојба на вашиот партнер.rn
Вашата вознемиреност
rnЛуѓето ја кријат нивната вознемиреност за да одбегнат конфликти, но на тој начин тие ја влошуваат ситуацијата, бидејќи насобраниот презир може да доведе до многу жестоки емотивни експлозии. Ако сте вознемирени, најдобро е да бидете искрени и да разговарате за проблемот. Не треба да ги криете вашите негативни емоции.rn
Работите што не ви се допаѓаат
rnСамо затоа што на вашиот партнер му се допаѓа нешто, не значи дека и вам треба да ви се допадне. Треба да се држите до вашите убедувања и искрено да кажете доколку не уживате во одредена активност или ако не го делите истиот интерес. Убаво е понекогаш да изгледате некој спортски натпревар со вашиот сакан, но не треба да глумите дека сте фудбалски фанатици.rn
Вашите чувства кон некој друг
rnКога некој од партнерите во врската изневерува, тоа обично произлегува од некакво незадоволство кое лесно би можело да се реши преку нормален и зрел разговор. Доколку забележувате дека ви се будат чувства за друга личност, веднаш кажете му го тоа на партнерот и прекинете ја врската или обидете се да го решите тоа заеднички како пар. Не треба да се срамите од вашите чувства, но мора да разговарате за нив. Не смеете да се доведете до степен да изневерувате.rnrnДоколку ги криете овие работи од вашиот партнер или се срамите да разговарате за нив, тоа можеби е знак дека оваа врска не е вистинската за вас. Пред да се затворите целосно или да се откажете од партнерот, обидете се да работите на себе и да ја одведете врската во вистинска насока.rnrnВо продолжените дознајте кои тајни морате да му ги откриете на партнерот за да ја одржите врската здрава.