Прозорците даваат убавина и дополнителна вредност на вашиот дом, и се една од најважните карактеристики на една куќа или стан. Тие ја имаат и главната улога во заштедата на топлинската енергија, овозможувајќи комфор и здравје. Според истражувањата, загубата на топлината низ прозорците претставува повеќе од 40% од вкупните загуби на топлина од домот. Заради тоа, инвестицијата во квалитетни енергетски ефикасни прозорци е една од најисплатливите на долг рок.
Но, како може да знаете дали вашите прозорци треба да се заменат? Користете ја оваа листа за да ја утврдите состојбата со вашите прозорци.rn
Дали вашите прозорци се со единчено стакло?
rnПовеќето прозорци денес се со двослоен термопан со дебелина од 16 мм до 30 мм, а подобрите термопани се со нискоемисиони стакла, кои во голема мера помагаат при спречување на преносот на топлина од затворени простории на отворено.rn
Дали слушате бучава од надвор?
rnПовеќето од денешните прозорци нудат супериорна звучна изолација преку нискоемисиони високо квалитетни стакла. Добар избор за спас од неподносливиот звук се прозорите со трослојни термопани кои постигнуваат изолација од 34 децибели до 41 децибели.rn
Дали забележувате мали пукнатини или скапување на делови од вашите прозорци?
rnНекои мали пукнатини или знаци на скапување можат брзо да се рашират, и да ги оштетат позначително прозорите. Ако повеќе од 10% од дрвото е оштетено, вашата најдобра опција е да го замените во целост.rn
Дали во потоплите временски услови, внатрешноста на прозорот е топла на допир?
rnВашите прозорци треба да бидат способни да ги издржат високите летни температури, да овозможат термо изолација, и да ја контролираат количината на топлина која влегува во домот.rn
На ладно време, внатрешноста на стаклото е ладно на допир?
rnЕкстремно ладни внатрешни стакла значат дека премногу ладен воздух влегува во просторот помеѓу стаклата. Ако стаклото остане ладно, дури и кога ќе го допрете со вашата топла рака, тоа значи дека не ја врши својата изолациона функција и треба да се смени.rn
Вашите прозорци не се отвораат и затвораат правилно?
rnКога некои компоненти од прозорците предизвикуваат тие да не се отвораат и затвораат целосно, или така лесно како порано, значи дека е настанато оштетување и потребна е промена или стручно штелување. Стручни лица треба да ги проверат прозорите, и да дадат совет.rn
Вашите прозорци немаат нискоемисионо стакло?
rnНискоемисионото трослојно стакло значително ќе предизвика намалување на сметките за електрична енергија и ќе овозможи поголем комфор во домот.rn
Дали вашиот прозорец одговара на остатокот од дизајнот и декорот на вашиот дом?
rnВашиот вкус може да се промени, или пак можеби сте наследиле прозорци од претходните сопственици, кои сега не се вклопуваат со вашите желби.rn
Прозорците не ви даваат чувство на сигурност?
rnСтатистиката покажува дека најчестите обиди за провала во семејни куќи се преку прозорите. Во Проспера може да се најдат прозорци со ниво на сигурност WK2, рачка „hoppe secustik“ и ламинирани стакла. Дополнителни елементи за покачување на нивото на сигурност се надворешните ролетни и капаците.rn
Прозорците не штитат од сончевите зраци?
rnЗаштитата од сонцето на една просторија може да се постигне со надворешни ролетни, надворешни капаци, внатрешни ролетни но исто така и со термопани со високоенергетско покритие.
Доколку повеќето ваши одговори се со „да“ тоа значи дека треба да ги замените. Во спротивно ќе плаќате повисоки сметки, и го немате потребниот комфор.
Прозорците не се менуваат често како мебелот или апаратите за домаќинство. Рокот на траење во просек е 30 години. Токму затоа треба да бидете добро информирани за сите елементи на ПВЦ прозорците, како и за компанијата од која ги набавувате. А кога ќе се решите, препорачливо е да ги смените сите прозорци во исто време.
За да знаете дали сте добиле добра понуда и цена за ПВЦ прозор, треба да го знаете квалитетот на сите елементи од прозорот (профил, стакло, дебелина на железо и оков). Исто така подеднакво важно е искуството на монтажната служба и дали компанијата изведувач дава писмена долгогодишна гаранција.
Uw= x W/m2K каде што x означува бројка која означува коефициент на спроводливост на топлина е најважна карактеристика што треба да се земе предвид кога се купуваат ПВЦ прозори. Прозорите од понудата на Проспера се составени од докажани профили, окови и термопани. Склопени се на најсовремени CNC машини со минимално учество на човечки фактор со што грешките се минимизирани. Таму покрај стандардните бели ПВЦ прозори, имаат и добар избор на ПВЦ прозори со имитација на дрво или прозорци од масивно дрво кои ќе му дадат топлина на просторот.
Се добива гаранција од 10 години за профил, 5 години за оков и 5 години за стаклопакет. Монтажата ја прават лица со големо искуство во монтажата на ПВЦ столарија. Прозорите ги поставуваат и нивелираат правилно, се монтираат по пропишани стандарди за да се добие очекуваната функционалност. Правилното и целосно пополнувањето околу прозорите со пур пена е важно за изолацијата, како и правилната опшивка околу прозорците придонесува да има добра изолација и спречување на влага.


