КАФЕ ПАУЗА

Тајни кои морате да му ги откриете на партнерот за да ја одржите врската здрава

Тајни кои морате да му ги откриете на партнерот за да ја одржите врската здрава

Сите луѓе имаат тајни кои никому не ги откриле и тоа е нормално доколку тие не им претставуваат товар и не влијаат негативно на односите со другите. Сите имаме право на мисли кои ќе бидат само наши, но кога се работи за љубовните врски, некои работи не смеат да останат скриени, бидејќи во спротивно можат да ја загрозат врската и да ја уништат. Според тоа, доколку чувате некои од следниве тајни, соберете храброст и искрено признајте му ги на партнерот.rnrnТајни кои морате да му ги откриете на партнерот за да ја одржите врската здраваrn

Сексуално сте незадоволни

rnАко веќе некое време не сте сексуално задоволни, немојте да бидете премногу директни и да му кажете на партнерот дека со месеци глумите задоволство. Тоа би можело да го уништи. Обидете се да си замислете што би можело да ве возбуди и откријте ја желбата. Испробајте нови секс пози и техники, разбудете ја имагинацијата и бидете креативни. Нормално е страста во врската да се намали со текот на времето, но ако моментално не постои, тоа не значи дека мора така и да остане.rn

Постои нешто што ве мачи

rnДоколку не разговарате отворено за она што ве мачи, негативните емоции ќе се собираат во вас и еден ден ќе ви се прелие чашата, по што постои ризик да кажете работи кои не ги мислите. Нема ништо лошо во повремените караници бидејќи тие се форма на комуникација, но мора да бидете конструктивни. Како пар морате да научите како да го разгледувате проблемот, а не да се критикувате меѓусебно. Почнете со тоа што ќе кажете зошто сѐ уште сте вознемирени и на тој начин кавгите ќе ви бидат многу попродуктивни.rn

Сте премолчиле нешто од минатото

rnСекако дека не морате да му откриете на партнерот баш сѐ што сте направиле пред да го запознаете, но ако постои нешто од вашето минато што мислите дека би му пречело, особено ако има шанси да го дознае тоа од некој друг, подобро е вие самите да му го кажете. На тој начин, поголема е веројатноста дека ќе ја добиете неговата поддршка и дека уште повеќе ќе се зближите. Едноставно кажете му дека постојат некои работи од минатото кои ве мачат и дека многу би ви значело кога би ве сослушал.rn

Се чувствувате депресивно

rnДепресијата е психичко нарушување кое влијае на нормалниот однос со другите луѓе. Поради тоа, многу е важно да му кажете на партнерот ако поголемиот дел од времето се чувствувате безволно, тажно и негативно гледате на работите. Немојте да се срамите да кажете дека ви е потребна помош. Личноста која ве сака нема да ве осудува и не треба да ви биде страв дека ќе ве цени помалку. Во најдобрите врски, партнерите не мораат да бидат совршени, но мораат да бидат присутни.