Сите знаеме дека вниманието е една од најважните нешта во врската, но ретко кој знае дека тоа мора да се користи мудро. И покрај тоа што една врска не може да функционира ако партнерите не поминуваат доволно време еден со друг, исто така таа не може да функционира и ако тие поминуваат премногу време заедно. Премногу време со една личност може да ве направи посесивни и наметливи. На некој начин дури може да станете и целосно зависни од таа личност и да не можете да се чувствувате среќно и исполнето ако тој/таа не е покрај вас.rnrn
rnrnПоради тоа постои одредена рамнотежа која сите ние мора да ја одржуваме во нашите врски. Физички не е можно 24/7 да бидеме со одредена личност, но дури и да можеме тоа едноставно не е здраво. Луѓето имаат потреба од сопствен простор, бидејќи секоја индивидуа има свои вредности, интереси, хоби и цели. Кога во врската не се почитува оваа независност, таа може да стане деструктивна и штетна. Со просторот имате можност и вие и вашиот партнер да сфатите дека не се врти сè околу само една личност.rnrnГолем број од луѓето и не сакаат да бидат во врска која што со тек на време ќе почне да ги „загушува“. И кога тие ќе се почувствуваат така, едноставно си одат. А ако некој постојано има потреба да биде со својот партнер, тоа може да биде знак дека таа личност воопшто не му верува на својот партнер или пак, дека има многу ниска самодоверба и дека верува дека не е доволно добра за него/неа. Исто така овие размислувања можат да доведат и до појава на љубомора и несигурност.rnrnПогледнете ги наредниве знаци кои се појавуваат во врска каде што партнерите немаат доволно сопствен простор:rn
- rn011
- Постојано размислувате за својот партнер кога не сте заедно.
- Во текот на денот постојано му/ѝ се јавувате или пишувате.
- Целото свое слободно време го поминувате со него/неа.
- Лесно станувате депресивни или нервозни ако не сте со него/неа.
- Станувате љубоморни или несигурни кога вашиот партнер поминува време со други луѓе.
- Не можете да си замислите ни еден ден да поминете без него/неа…
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnМногу поздраво е за врската доколку и двајцата поминувате одредено време со самите со себе и со вашите пријатели. На сите нам понекогаш ни е потребно да се оттргнеме од сите и да се потсетиме себеси на поголемата слика во нашиот живот и на фактот дека постојат и други работи кои ни се важни. На крајот од денот, оставањето малку слободен простор всушност ни помага да се зближиме со нашиот партнер, повеќе да го цениме и да не го земаме здраво за готово.rnrnПостојат милиони начини на кој можете да го поминувате вашето време малку поразлично од досега и да се дозволите повеќе простор во вашите врски. На пример:rn
- rn011
- Напијте се кафе со вашите пријатели и поблиски членови од фамилијата.
- Прочитајте книга, гледајте филм или слушајте музика.
- Започнете со креативно хоби како свирење на инструмент, цртање или пишување.
- Започнете со џогирање, вежбање или спортување.
- Волонтирајте.
- Одете на неделен одмор во друг град.
- Одредете време за метидација или молење…
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnОстанува на вас да одредите како ќе го употребите слободното време. Целта на овие предлози е да ве натера да одберете активности кои се совпаѓаат со вашите интереси и цели во животот, посебно активности кои нема да можете да ги правите со личностите со кои најчесто се гледате. Рамнотежата е клучна компонента во животот и е подеднакво важна и за вас и за вашата врска.
