КАФЕ ПАУЗА

Кога е најдобриот момент да го посолите јадењето?

Кога е најдобриот момент да го посолите јадењето?

Written by

in

,

Во солените рецепти секогаш пишува дека треба да додадете сол во одреден момент, но дали тоа секогаш е и најдобриот момент да го сторите тоа?rnrnКога е најдобриот момент да го посолите јадењето?rnrnГотвачот Ден Соуса направил експеримент со цел да дознае која е разликата помеѓу посолувањето на јадењето на почетокот штом почне да се готви и ако тоа се направи на крајот откако веќе е готово. Тој приготвил две јадења, гулаш со говедско и печени моркови во фурна. И двете ги приготвил по два пати, еднаш додавајќи им сол на почетокот, а еднаш на крајот на готвењето. И во двата случаи забележал дека јадењето има посолен вкус ако солта се додаде уште на почетокот, затоа што на тој начин има време таа добро да се пие во храната додека трае процесот на готвење.rnrnЗатоа, додавајте сол што е можно порано при готвењето. Ако тоа го сторите на крај, солта ќе остане на површината и нема да даде толку добар вкус како во првиот случај. Во овој експеримент се покажало дека таа не успеала да ги пробие ниту морковите ниту говедското месо кога биле посолени на крај. Ако заборавите да додадете сол на почетокот, Соуса советува да додадете помалку на крајот, затоа што и онака таа нема да има некој битен ефект.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.