Оваа фотографија од кучето кое седи до оградата на еден мост во Кина ги стопли дури и најстудените срца. Сведоци велат дека кучето го чека неговиот сопственик после трагедијата што се случила на 30 мај. Кога минувачите пробале да го одведат, кучето бегало.rnrnНа ова место неговиот сопственик си го одзел животот. Фотографијата ја направил еден минувач откако го забележал кучето. Тој имал намера да посвои куче и пробал да го однесе дома, но кучето избегало.rnrn
rnrnДиректорот на друштвото за заштита на животните во Вухан ја видел објавата на човекот и почнал да го бара кучето со помош на волонтери. Тој вели дека побарале од службениците на мостот да проверат што точно се случило. На надзорните камери не можело да се види добро, бидејќи било мрачно. Сепак, можело да се види доволно дека човекот се самоубил со скокање од мостот, а кучето останало да гледа во водата со денови.rnrnДруштвото за заштита на животните издало изјава за сите волонтери, дека додека не се најде кучето, тие нема да престанат со потрагата. Веста стигна и до социјалните мрежи каде сите се соединија што поскоро да го пронајдат кучето. Директорот вели дека е срамота такво верно куче да остане на улицата, а ние се согласуваме со тоа.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=QC7_ppxOFPY&feature=emb_titlernrnПрочитајте за овој зајак без крзно што бил спасен од еутаназија сега живее како ѕвезда на социјалните мрежи.
Вистинска приказна: Кучето кое чекало 4 дена на еден мост и гледало во водата
