Мислите дека не сте фотогенични, па затоа и избегнувате да се фотографите и да поставувате селфи на социјалните мрежи? Трикот е во шминката, па благодарение на овие совети од модните блогерки вие без сомнение ќе изгледате неверојатно, исто како и славните холивудски ѕвезди. Време е за нова фотографија од вас на Инстаграм!rn
Одбирајте мат шминка
rn
rnrnАко користите мат шминка, а ја избегнувате онаа која сјае – вие без прашање ќе изгледате одлично пред блицовите на фотоапаратите. Исто така, имајте на ум дека е најдобро да се шминкате на природна светлина, бидејќи вештачката може да ве измами, па да делувате премногу нашминкано.rn
Секогаш користете ајлајнер
rn
rnrnИзбегнувајте ги течните пудри и користете ги оние во прав, со бледо жолтеникави нијанси. Кога знаете дека ќе следува фотографирање, нанесете црна маскара и ајлајнер, дури и ако немате навика да ги затемнувате очите. На овој начин значително ќе ги истакнете на фотографиите.rn
Не заборавајте на руменилото
rn
rnrnТоа е клучен фактор при неверојатниот изглед на фотографиите. Исто така имајте на ум дека нијансата е многу важна, па секогаш одбирајте кајсија боја или розова. И во овој случај мат нијансите се далеку подобри од сјајните, кои прават вашето лице да свети на фотографиите.rn
И хајлајтерот може да ви помогне
rn
rnrnНагласете ги оние делови од лицето до кои најчесто допира светлината – брадата, врвот на носот и челото. Исто така ставете капки за очи, со цел да ги освежите и тие да не изгледаат црвено на фотографиите.
