Пролетта ќе донесе многу љубов, топлина, нова енергија и искрени емоции. Ве очекуваат нови можности кои можат да ви го подобрат квалитетот на животот. Конечно е време за промени во поглед на кариерата – можеби ќе одлучите да ја смените професијата или ќе ја претворите вашата идеја во интересен проект. Позитивни промени се очекуваат и во поглед на психофизичкото здравје – вежбањето, здравите навики и менувањето на исхраната ќе придонесе да имате повеќе енергија. Во продолжение прочитајте ги астролошките предвидувања за секој хороскопски знак одделно за оваа пролет.rnrn
rn
Овен
rnЗа вас е важно да знаете дека нема потреба од брзање иако имате многу идеи и планови. Морате да го земете предвид фактот дека околностите нема секогаш да се развиваат поволно. Доволно е да останете смирени за време на конфликтните ситуации. Од огромно значење е да ги поставите вашите приоритети и да им се посветите на работите кои ви се најважни во животот. Стекнатото искуство ќе ви помогне да донесете правилни одлуки. Пролетта ќе биде одлично време да преземете иницијатива во бизнисот, да преземете иницијатива за нови проекти или да се посветите на усовршување на некои од вашите способности. Организирајте го своето време доколку сакате да ги избегнете стресните ситуации.rn
Бик
rnПролетта ќе биде одлично време за да се посветите на интроспекција. Ќе почнете да забележувате многу работи на кои досега не сте посветувале внимание, а тоа ќе ви помогне да дојдете до вистинските заклучоци. Вашиот труд, но и околностите ќе ви помогнат да постигнете успех. Со текот на времето станувате позрели и знаете добро да ја процените ситуацијата, а во меѓувреме станувате свесни дека не ви треба нечие одобрување. Пролетта ќе ви донесе нови можности и пријатни изненадувања кои ќе се однесуваат не само на професионалниот туку и на приватниот живот. Искористете ја вашата генијалност и снаодливост за да ги претворите најлудите соништа во реалност.rn
Близнаци
rnЅвездите ќе бидат на ваша страна оваа пролет. Благодарение на нивната поддршка, ќе можете да се справите со она што ви се чинеше исклучително тешко минатата година. Ве очекуваат и невообичаени средби и нови познанства. Тоа ќе придонесе за значително да го проширите вашиот социјален круг, а некои деловни партнери ќе ви станат и пријатели. Март и април ќе бидат прилично стресни, но мај ќе ви биде најуспешниот месец.rn
Рак
rnЗа вас периодот од март до мај нема да биде особено тежок, но во секој случај бидете претпазливи и разумни. Обидете се да не очекувајте премногу од другите и не задоволувајте се со лесните победи. Ве очекуваат поволни промени во личниот живот, но и успех во кариерата. Доволно е да бидете истрајни и доследни на своите принципи. На почетокот ќе ви биде тешко да смените некои стари навики, но штом еднаш ја напуштите вашата удобна зона ќе бидете подготвени за новите предизвици.rn
Лав
rnНа многумина од вас ќе ви биде потешко да ги остварите вашите цели отколку што мислевте на почетокот. Честопати ќе треба самите да се справувате со важни прашања. Доколку сте подготвени да ги признаете вашите грешки, промените ќе настапат полесно. Работите полека ќе се вратат во нормала, а добра вест е дека финансиската состојба значително ќе се подобри. Можно е и конечно да ги отплатите старите долгови.rn
Девица
rnВо март треба да го насочите вниманието кон спроведување на долгорочни планови. Само доколку сте истрајни ќе можете да се справите со пречките на кои ќе наидете. Ќе ви стане јасно кои се вашите приоритети, а ѕвездите ви ветуваат успех на професионален план. Тоа ќе биде можно и доколку ги обновите старите деловни контакти, нои ако започнете нови проекти. Не плашете се од можни загуби бидејќи до крајот на мај ќе повратите сè што сте изгубиле.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn