Момците и мажите кои сакаат да изгледаат добро кога носат палто или сако, покрај тоа што треба да знаат каков модел треба да изберат, мора да знаат и како да го носат. Отпрвин, може да ви изгледа многу просто: има копчиња, има отвори, па што е тогаш филозофијата на закопчувањето? Но, како и за многу други работи, и овде има неколку правила кои треба ги земете предвид кога одлучувате да носите спортско или елегантно палто.rnrn
rnrnНајчесто, изборот е на палта со 3 копчиња во еден ред, кога важи правилото: некогаш, секогаш, никогаш.rnrn
rnrnВо ред е некогаш да ви биде закопчано горното копче, заедно со средното, но само во случаи кога реверот е прав, односно кога не го препокрива копчето.rnrnСекогаш е во ред да ви биде закопчано средното копче, бидејќи тоа ја истакнува вашата линија кај струкот, паѓајќи природно над колковите.rnrnНикогаш не треба да го закопчувате долното копче. Тоа го расипува кројот и линијата која ја постигнувате со средното копче.rnrnВо други случаи, важат следните правила:rnrnПалто со едно копче: секогаш закопчано кога стоите, секогаш откопчано кога седите.rnrnПалто со 2 копчиња: горното копче треба да е закопчано, додека долното откопчано.rnrnПалто со 4 или повеќе копчиња: не е препорачливо да изберете вакво палто, освен ако не сте позната јавна личност, но ако веќе сакате, тогаш оставете го само долното копче откопчано.rnrnПалто со два реда копчиња: носете го секогаш закопчано, и кога стоите и кога седите, оставајќи го само долното копче откопчано. Од овие палта има неколку варијанти:rn
- rn011
- 3 реда x 2 копчиња, од кои само средните две можат да бидат закопчани: горниот и долниот дел мора да остане откопчан. Овие палта даваат најдобар изглед и ја истакнуваат машката фигура.
- 3 реда x 2 копчиња, од кои само долниот ред се закопчува: овој стил е карактеристичен за ’80-тите и ’90-тите и подобро да не го практикувате.
- 2 реда x 2 копчиња, од кои само едното може да биде закопчано: овој стил му припаѓа на ’80-тите, но ако се одлучите за ваков модел треба да бидете внимателни, доколку имате стомак, бидејќи кројот ќе ве прави да изгледате визуелно покрупни во делот кај половината.
- 2 реда x 2 копчиња, од кои двете копчиња можат да бидат закопчани: може да се носи закопчано само горното, само долното или двете копчиња, но како модел се практикува многу поретко од останатите.
- 2 реда x 1 копче: освен ако не се работи за секси смокинг, држете се настрана од овој избор.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn



rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
