Иако се карактеризира со долга историја во кујната на Блискиот Исток, сумакот е релативно нов зачин кај нас. Во продолжение прочитајте повеќе за неговите здравствени придобивки.rnrn
rn
Што е сумак и од каде потекнува?
rnСумакот се карактеризира со уникатна црвена боја и му припаѓа на родот Rhus Coriaria, грмушка што расте во медитеранскиот регион вклучувајќи ги Италија, Турција и Иран. Зачинот се добива со сушење и мелење на нејзините светло црвени плодови.rn
Каков вкус има сумакот?
rnЦрвената боја на зачинот може да ве доведе до заблуда затоа што воопшто не станува збор за лут зачин. Напротив. Овој зачин се карактеризира со киселкаст вкус, налик на лимон.rn
Кои се здравствените придобивки од консумирањето сумак?
rn
1. Има антиинфламаторни својства
rnОвој зачин е богат извор на танини, флавоноиди, полифеноли и други антиоксидантски соединенија кои се карактеризираат со антиинфламаторни својства.rn
2. Го намалува ризикот од кардиоваскуларно заболување
rnСпоред едно истражување објавено во Journal of Research in Medical Sciences, кај испитаниците кои редовно консумирале сумак бил намален ризикот од кардиоваскуларно заболување.rn
3. Содржи антимикробни својства
rnВажно е да се напомене дека танините кои се содржат во сумакот, се карактеризираат и со антимикробни својства. Овие својства пак, го спречуваат растот на петте највообичаени бактерии кои можат да предизвикаат заразни болести на устата.rn
4. Ја намалува болката во мускулите
rnЕдна студија спроведена во 2016 година покажала дека сокот од сумак бил корисен за намалување на мускулната болка кај 40 здрави испитаници за време на четиринеделна програма за аеробни вежби. Благодарение на антиоксидантскиот состав, овој зачин може дополнително да влијае бидејќи го намалува хроничното воспаление на мускулите.rnrnОткако прочитавте за корисните својства на сумакот, можеби ќе сакате да ги прочитате и нашите едноставни трикови како да ја продолжите свежината на зачините.rnrnИзвор: mindbodygreen.com