Како да воспоставите баланс помеѓу љубовта и напорните обврски во 20-тите години од животот?

Сподели

20-тите години од животот се како возење на брз, напорен, бурен и емотивен ролеркостер. Во овој период треба да се пронајдеме себеси, да изградиме кариера и да се прилагодиме на светот на возрасните. Многу млади луѓе работат за викенди и истовремено одат на јога, пилатес, редовно присуствуваат на семејните собири, одат на родендени, ги завршуваат домашните обврски… На листата ѝ нема крај! Мора добро да си го организирате животот, бидејќи во спротивно животот ќе ве организира вас. Доколку се наоѓате во оваа ситуација, прочитајте ги следниве неколку совети што ќе ви помогнат да воспоставите баланс меѓу љубовта и напорните обврски дури и да сте најзафатената личност во градот…

Реклама

rn

Одберете си фитнес рутина што ќе ви одговара

rnСите знаеме дека вежбањето ослободува од стрес. Кога ќе завршиме со тренингот, се чувствуваме исполнети и задоволни. Најдобро би било да закажете неколку часа неделно, бидејќи на тој начин ќе имате точно определен период од денот кога ќе можете да се посветите на остварувањето на вашите фитнес цели.rn

Закажувајте на фризер и маникир додека сѐ уште сте во салонот

rnНа овој начин никогаш нема да ја заборавите оваа обврска. Исто така, нема да се грижите дали ќе најдете време да отидете на фризер кога на вашата коса очајно ќе ѝ треба фарбање.rn

Научете да велите „Не“

rnОва е многу важно правило. Немате супермоќи и не можете постојано да исполнувате сечии желби и потреби. Ценете си го времето и внимателно одбирајте на кои покани ќе одговорите потврдно.rn

Комбинирајте ги плановите

rnМногу е важно да ги негувате пријателствата во вашите 20-ти. Колку што сме позафатени, толку полесно е да изгубиме некои драгоцени пријатели затоа што не сме успеале да одвоиме време за нив. Ако можете да вметнете краток ручек или пијачка во вашиот натрупан распоред, сторете го тоа! Не мора да одвојувате време за целовечерно излегување. Користете ја секоја прилика за да се дружите со вашите најдобри пријатели.

rn

Максимално искористете ги викендите

rnНе се чувствувајте виновни доколку целиот викенд сте го поминале лежејќи и не правејќи ништо. Искористете го ова време за себе и правете ги работите во кои уживате. Не мора да излегувате ако не сте расположени. Слободно излежувајте се во кревет колку што сакате!rn

Љубовта ќе се појави тогаш кога најмалку очекувате – пречекајте ја со широко отворени раце

rnКога конечно ќе ви затропа љубовта на врата, ќе треба да научите како да се откажете од некои работи. Не трошете време на дечкото кој ве завлекува и не сака да започне вистинска врска со вас. Заслужувате многу повеќе и буквално немате ни време ни енергија за такви губитници.rn

Научете како да поставувате граници

rnБез разлика дали станува збор за пријатели кои ве искористуваат или за обврски кои ви трошат премногу време, многу е важно да научите како да си ја зачувате енергијата. Кога вашето секојдневие ќе стане поедноставно, конечно ќе можете да уживате во животот. Почувствувајте ги позитивните вибрации и живејте со полни гради!

Прочитајте ги и овие 10 знаци дека постигнувате добар баланс меѓу работата и приватниот живот.

Популарно

Може ќе ве интересира