Со голема роденденска забава, вчера вечер во клубот Експо, ОНЕ одбележа 11 години од постоењето на компанијата и 4 години од влезот на Телеком Словеније на македонскиот пазар.rnrn
rnrnНа забавата присуствуваа вработените во компанијата, бројни гости од бизнисот и политиката, како и гости од естрадата, а за одличната забава се погрижија познатите македонски ѕвезди, Каролина, Аделина и Слаткар, зад кои веќе неколку години стојат брендот на ОНЕ и Џабест, а забавата продолжи во ритамот на диџеј Гоце Саф.rnrn
rnrnПрисутните гости ги поздрави Генералниот извршен директор на компанијата, г. Цирил Кафол кој за оваа прилика, меѓу другото, истакна:rnrn
„За 11 години, многу работи се изменија, првенствено на полето на самата индустрија. Но, ние секогаш настојувавме да бидеме први и во чекор со телекомуникациските трендови. Денес ОНЕ е препознатлив бренд и оператор кој нуди технолошки најнапредни решенија, а нашето семејство брои близу 700.000 задоволни корисници.“
rnНа самиот крај, Кафол накратко информираше за идните планови на компанијата, најавувајќи ги наскоро новите Клауд решенија на пазарот.rnrn
rnrnВо име на Групацијата на присутните им се обрати и Претседателот на УО на Телеком Словеније, г. Рудолф Скобе кој накусо го честита роденденот на компанијата и посака уште многу години успешна работа.rnrn
rnrnСимболиката на настанот „11.11- 11 години со вас“ е потсетување на првото ало кое беше реализирано пред 11 години, а датумот пак потсетување на 11.11.2009 година кога на пазарот влезе Телеком Словенија и го лансираше брендот ОНЕ.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.