КАФЕ ПАУЗА

10 знаци дека постигнувате добар баланс меѓу работата и приватниот живот

10 знаци дека постигнувате добар баланс меѓу работата и личниот живот

Written by

in

,

Секој сака да постигне совршен баланс меѓу работата и личниот живот, но ретко кој го постигнува. Најчесто или страда работата или нашите врски со блиските, семејството и нашето слободно време. Ова се 10 знаци кои покажуваат дека вие сте дел од оние кои умешно балансираат меѓу работата и личниот живот.rnrn10 знаци дека постигнувате добар баланс меѓу работата и личниот животrn

1. Јасно ви се зацртани приоритетите

rnСо тоа што приоритетите ви се назначени, многу полесно носите одлуки и полесно се справувате во трката со времето. Со тек на време, приоритетите ви се менуваат или варираат, но вие секогаш знаете соодветно да ги вреднувате работите и си поставувате јасни приоритети.rn

2. Знаете да речете „не“

rnОва е можеби најтешката лекција за да го совладате менаџирањето на сопственото време. Велењето „не“ е најтешка работа за некои луѓе, но не и за вас. Иако не сакате да ги разочарате другите и сакате несебично да се вложите, сепак знаете дека не е изводливо да бидете присутни секаде и секому да му направите услуга. Наместо тоа вие проценувате и знаете кога да кажете „не“.rn

3. Свесни сте дека овој баланс не може да го поостинете секогаш

rnИако се трудите да ги избалансирате нештата, и самите признавате дека нема секогаш да владеете со овој совршен баланс, некогаш ќе потфрлите и некоја страна ќе пострада, но тоа е нормално и човечки. Не може секогаш да бидете совршен родител и вработена личност. Ќе има денови кога едноставно ќе мора на нешто да обрнете повеќе внимание и вие го прифаќате тоа.rnrn10 знаци дека постигнувате добар баланс меѓу работата и личниот животrn

4. Знаете дека самото присуство не секогаш е продуктивно

rnСвесни сте дека вашето седење и присуство некаде не значи дека ќе вроди со плод, токму затоа умешно ги избегнувате непродуктивните ситуации секогаш кога можете.rn

5. Успешно ја распоредувате вашата енергија

rnЗнаете дека кога ќе завршите на работа не е завршен и целиот ваш ден. Токму затоа постојано изнаоѓате начини кои ќе ви заштедат енергија или ќе ви ја даруваат потребната енергија. Така ви останува енергија за вашето семејство кога ќе се вратите од работа.rn

6. Институцијата/фирмата за која работите знае дека имате сопствен живот

rnНе сте заглавени во големи корпорациски гиганти кои бараат од вас безрезервно да се жртвувате. Напротив, многу од вашите колеги имаат партнер и деца и дозволено ви е да имате свој живот настрана од работата.rnrn10 знаци дека постигнувате добар баланс меѓу работата и личниот животrn

7. Вежбате макар неколку пати неделно

rnКолку повеќе трошите енергија, толку повеќе добивате. Вие едноставно не застанувате. Вежбањето ве одржува во форма и токму затоа успевате во овој баланс.rn

8. Наоѓате време за она што го сакате

rnКако топла купка, читање книга, прошетки во природа и се разбира, вашето хоби. Едноставно одвреме-навреме целосно ѝ се препуштате на вашата омилена активност исто како надворешниот свет да не постои.rnrn10 знаци дека постигнувате добар баланс меѓу работата и личниот животrn

9. Вистински ги користите деновите за одмор

rnКога ќе најавите дека одите на одмор тоа значи дека ќе бидете исклучени, недостапни, ќе му се посветите на вашето семејство и максимално ќе се релаксирате.rn

10. Користите алатки и апликации кои ви помагаат да бидете попродуктивни

rnГи има безброј, а вие веќе имате развиено шема која ви одговара вам. Продуктивноста е ваша јака страна и горди сте на тоа.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.