Со доаѓањето на постудените есенски денови, време е да ја извадите и топлата капа од вашата фиока. Таа е прекрасен моден додаток и можете да ја комбинирате на многу различни начини, но, еден од проблемите со кои би се соочиле е токму вашата коса. Многу девојки ќе се согласат дека во одредени ситуации не носеле капа само за да не ја уништат својата фризура. Но, постојат неколку начини на кои можете да го спречите тоа, па без грижи да ја носите вашата омилена капа во текот на претстојнава сезона. Погледнете како да го направите тоа.
rn
1. Настојувајте косата да ви биде целосно исушена
rnПрвото правило да се заштитите од уништувањето на фризурата кога носите капа е целосно да ја исушите вашата коса. Ако ставите капа на мокра (или малку влажна) коса, тогаш таа ќе ви се исуши во лоша положба, а сигурно тоа не е резултатот што сакате да го видите.rn
2. Користете полесни производи за обликување
rnИзбегнувајте тешки производи како што е гелот, кремата или восокот за коса, затоа што овие производи само може да ви го намалат волуменот. Наместо тоа, одлучете се за серум или масло кои ќе ги нанесете само на краевите.rn
3. Носете поголема капа
rnОва не значи дека треба да носите предолга капа, но со малку подолга од вообичаеното вие ќе ги спречите оние досадни пресеци кои би ви се појавиле, а би го задржале и волуменот.rn
4. Отстранете ја капата кога се наоѓате во внатрешен простор
rnКолку подолго ја носите, толку повеќе таа ќе остави свој белег. Секогаш кога ќе имате можност, извадете ја капата и овозможете ѝ на вашата коса малку да дише.rn
5. Понесете со себе неколку помошни производи
rnКога ќе одлучите да носите капа, понесете со себе и шампон за суво миење на косата и производи за обликување. Па, секогаш кога ќе имате можност поправете ги недостатоците.

