Простувањето е моќен начин да си ја покажете љубовта кон себе и може да има многу посилно влијание само од кажување „Извини“ или „Ти простувам“.rnrn
rnrnКога ќе ѝ простите на друга личност, на ситуација, па дури и кога ќе си простите самите себеси, се ослободувате од емоциите зад она за коешто сте се држеле.rnrnОвие емоции можат да бидат гнев, вина, тага, срам или љубомора, односно емоции со ниска вибрација. Доколку се држите за овие емоции и не ги искажувате, само ќе си предизвикате болка и страдање.rnrnШто се случува кога ги складирате овие емоции со текот на времето без да ги искажете? Тие ќе почнат да се манифестираат во нова форма, како на пример физичка болка или болест. Тогаш ќе почнете да се прашувате зошто одеднаш имате хронична болка во вратот што никако не поминува.rnrnСо простувањето вие не ги одобрувате постапките на некој или на некоја ситуација што ви предизвикала страдање. Наместо тоа, се ослободувате од нешто што се случило во минатото.rnrnЛичноста што ви згрешила не мора да знае дека сте ѝ простиле, односно не мора да го правите тоа лице во лице. Ова е нешто што може да биде помеѓу вас и некоја виша сила.rnrnПостојат многу начини за простување и ослободување. Можете на глас да кажете дека сте простиле, да се помолите, да водите дневник или што било што ќе направи да се чувствувате добро. Не постои погрешен или правилен начин да го направите ова. Да простите значи да заборавите и самото тоа е навистина убаво.rnrnДознајте и како да простите кога тоа ви изгледа невозможно.
Понекогаш простувањето е најмоќното нешто што можете да го направите
