Накитот е најубавиот украс на една жена. Без него и најелегантниот изглед делува непотполно и безлично. Дури и кога ќе изберете едноставна облека, атрактивните обетки, ѓердан или алки, ќе направат одеднаш да заблескате. Непотребно е да спомнеме дека доброто парче накит прави една жена да изгледа моќно и софистицирано. И оваа зима одреден накит мора задолжително да го имате, а што е апсолутен хит, дознајте во текстот.rnrn
rn
1. Бисерни обетки
rnКласика и накит за вечност. Но, бисерниот модел на обетки кој треба да го носите оваа зима е оној кој е украсен со бисери од двете страни. Бисерите ќе направат да изгледате како вистинска дворска дама.rnrn
rn
2. Златен ѓердан
rnУште еден класичен модел на накит кој е безвремен и никогаш нема да излезе од мода. Голем и гламурозен ѓердан во златна боја се комбинира со буквално сè: со атрактивни фустани, за формален изглед, но и со џемпер, фармерки и чизми.rnrn

rn
3. Гломазен сребрен ѓердан
rnЃерданите полни со циркони ќе бидат дефинитивно изборот на многу дами за оваа сезона. Женствени, многу впечатливи и неодоливи. Совршен избор за забава, но и за новогодишната ноќ.rnrn
rn
4. Брошови
rnОваа зима украсете ги капутите, џемперите, ролките и шаловите со атрактивни и впечатливи брошови.rnrn
rn
5. Висечки ѓердани и обетки
rnДа, обетките и ѓерданите дизајнирани на овој начин повторно се вратија во мода. Тие се многу впечатливо парче накит, а делуваат елегантно, гламурозно и многу женствено.rnrn
