КАФЕ ПАУЗА

8 славни фризури кои никогаш нема да излезат од мода

Секоја нова сезона ни носи и нови трендови, но овие 8 легендарни фризури успеале долго време да се задржат на својот трон. Започнувајќи од кратките момчешки фризури, кои ги краселе лицата на Твиги и Одри Хепберн, па сè до бујната коса на Жижел Биндшен и локните на Сара Џесика Паркер, погледнете ги најпознати фризури низ историјата што и ден денес се популарни меѓу дамите.rn

1. Пикси (Твиги)

rn(1) 8 славни фризури кои никогаш нема да излезат од модаrnrnНе е тајна дека кратката пикси фризура е апсолутен хит оваа сезона. Станува збор за едноставна, симпатична и женствена фризура чие патување започнало благодарение на добро познатата манекенка Твиги. По неа, таа беше карактеристична и за Одри Хепберн, Џенифер Лоренс, Коко Роча, па дури и Памела Андерсон.rn

2. Бранови (Вероника Лејк)

rn(2) 8 славни фризури кои никогаш нема да излезат од модаrnrnВероника Лејк била една од најпознатите актерки во 40-тите години од минатиот век. Нејзината долга коса која на краевите имала благи бранови станала препознатлив печат за сите ѕвезди во тоа време. Но, таа и денес е една од најчестите фризури кои можат да се забележат на жените ширум светот.rn

3. Пунџа (Типи Хедрен)

rn(3) 8 славни фризури кои никогаш нема да излезат од модаrnrnШармантната и уредна пунџа, станала голем хит за време на 50-тите години кога била промовирана од страна на Типи Хендрен, Грејс Кели, Ким Новак и други најчесто русокоси дами. Оваа фризура исто така е и една од омилените на кралските семејства бидејќи совршено одговара со нивниот гламурозен стил.rn

4. Долга коса (Бриџит Бардо)

rn(4) 8 славни фризури кои никогаш нема да излезат од модаrnrnПрекрасната Бриџит Бардо ја обожава својата платинеста долга коса која често ја декорира со различни модни додатоци. Таа без сомнение е препознатлива по оваа фризура.rn

5. Бујна коса (Жизел Биндшен)

rn(5) 8 славни фризури кои никогаш нема да излезат од модаrnrnПостои една единствена причина зошто Жизел Биндшен не ја менува својата фризура – нејзиниот секси изглед е толку впечатлив, што можеме слободно да кажеме дека таа ја пронашла својата добитна комбинација. Нејзината фризура е раскошна и сјајна, која најпрво се појавила во средината на 90-тите, но сè уште е една од најпопуларните ширум светот.rn

6. Локни (Сара Џесика Паркер)

rn(6) 8 славни фризури кои никогаш нема да излезат од модаrnrnПриродно витканата коса била хит во 80-тите години, но нејзините 5 минути дошле благодарение на Сара, односно Кери Бредшо, која им покажала на сите дека оваа фризура може да биде носена во комбинација со секаков вид стил и да ги следи најновите модни трендови.rn

7. Степени (Џенифер Анинстон)

rn(7) 8 славни фризури кои никогаш нема да излезат од модаrnrnФризурата која оваа актерка ја имала како ликот Рејчел, во ТВ серијата „Пријатели“ е една од најпопуларните во 90-тите со големо влијание врз денешните модерни стилови.rn

8. Боб (Луиза Брукс)

rn(8) 8 славни фризури кои никогаш нема да излезат од модаrnrnКога станува збор за боб фризура, сигурно првото нешто што ви текнува е Викторија Бекам. Но, девојката која прва ја покажала оваа фризура на светот, преку своите улоги во немите филмови, е токму Луиза Брукс.