Автор: Софија СионоваrnrnВремето веќе почнува да се затоплува и доаѓа време полека да ги спакуваме нашите омилени зимски палта и да се подготвиме за пролетните фустанчиња. Сончевите зраци веќе допираат до нас и ни даваат енергија за денот, но често знае да биде и студено, па затоа следниве комбинации добро ќе ве згреат дури и во пролетните денови кои следуваат.rnrn
rnrnЗа релаксиран изглед, омилениот џемпер комбинирајте го со широки пантолони и бели патики, а ако сакате да го истакнете вашиот накит на веќе склопената комбинација, дополнете го со плик чантичка, женствени потпетици или ѓердан со кој ќе оставите впечаток.rnrn
rnrnЕдноставноста некогаш може да биде совршена, а за да постигнете таков изглед вашата комбинација нека биде монохроматска. Еднобоен пуловер со искинати фармерки и пролетен мантил може да бидат полн погодок без многу труд.rn
rnrnМини здолништето со вашиот омилен широк џемпер и шарените патики целосно ќе го нагласат вашиот спортски стил, додека пак машкоданскиот стил повторно е во мода, испробајте го така што ќе ја споите вашата омилена кожна јакна со тесни пантолони.rnrn
rnrnИсечениот џемпер со здолниште во А–линија во комбинација со сако, лесно ќе ве натера да блесне модерната бизнис жена во вас. Секојдневен изглед ќе добиете со бели фармерки, голема чанта и плетен топол пуловер.rnrn
rnrnТесен џемпер плус кошула под него го дава совршениот школски изглед, а за да балансирате огромен џемпер облечете со тесни фармерки и додадете чизмички до глужд.rnrn
rnrnИ секако, за кежуал, но сепак елегантен изглед, комбинирајте тенки џемперчиња со здолништа до колена. Во ветровитите или дождливи денови, префрлете и марама врз главата.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
