КАФЕ ПАУЗА

Како да ја победите срамежливоста за време на сексуалниот однос?

Како да ја победите срамежливоста за време на сексуалниот однос?

Интровертноста е најчесто одговорна зошто не ги правите сите работи што би сакале да ги направите. Понекогаш се срамите да ги признаете чувствата што ги имате кон некоја личност, да носите мини здолниште или да одите на одмор со пријателите што сè уште не ги познавате доволно за да се чувствувате целосно опуштено во нивно друштво. Оваа вознемиреност што ја чувствувате секој пат кога ќе се впуштите во нешто ново или непознато, ја преживувате и во креветот, во моментите кога партнерот ќе побара од вас да направите нешто ново на коешто не сте навикнати. Поради тоа што чувствувате страв, одбивате да прифатите нови работи.rnrnКако да ја победите срамежливоста за време на сексуалниот однос?rnrnИако тајно сакате да пробате многу нови работи и во креветот и надвор од него, најчесто немате доволно самодоверба и верба во себе за такво нешто и се откажувате во последен момент. Дури и ако се чувствувате опуштено со партнерот, но ако не се чувствувате добро во сопствената кожа, навистина е тешко да се впуштите во нешто ново и да експериментирате во креветот.rn

Од каде доаѓа срамежливоста?

rnПроблемот е во тоа што многу се плашите да бидете осудени. Сметате дека вашиот партнер може да помисли дека не изгледате добро во некоја поза или дека не правите добри движења. Но, дали вие размислувате на тој начин додека имате секс или едноставно се препуштате на задоволството и на страста што ја чувствувате?rnrnКога ќе дојде време да пробате нешто ново, се чувствувате стегнати, па дури и посегнувате по алкохолот само за да се опуштите и да имате поголема самодоверба. А, понекогаш и го исклучувате светлото и го засилувате звукот на радиото.rnrnОној кој страда од срамежливост обично нема иницијатива, а партнерот е тој што постојано предлага разни игри и нови места.rn

Како да го надминете овој страв?

rnЗа да може овој проблем успешно да се реши, неопходно е да разговарате отворено со партнерот и да најдете решение заедно со него. Исто така, размислете што е тоа што му се допаѓа на вашиот партнер кај вас, а не само како се чувствувате вие самите.rnrnСоочувањето со овој проблем е полесно отколку што изгледа. На прво место, треба да ги промените мислите што ве спречуваат да пробате нешто ново. Ако престанете да размислуваме за сексот како да е испит каде што некој постојано ќе ве анализира и ќе ве критикува, тогаш проблемот е половина решен.rnrnМислете на тоа дека помеѓу вас постои доверба и погледнете го вашиот партнер во очи, а тоа ќе ви помогне да се опуштите и да се чувствувате поудобно за време на интимните односи.rnrnЗапомнете дека ако партнерот води љубов со вас, тогаш тоа мора да биде затоа што му се допаѓате и вие и начинот на кој го правите тоа. Нема апсолутно никаква оправдана причина зошто сметате дека нему не му се допаѓа тоа што го правите. Разговарајте многу за оваа тема и за тоа што ви се допаѓа во креветот и што не ви се допаѓа. Така ќе бидете сигурни дека не грешите, но и да погрешите не е крај на светот. Секој прави грешки понекогаш.rnrnМожеби ве интересира кој комплимент може да доведе до подобар сексуален живот.