Те сакам! Овие два збора се оние кои секој човек најмногу посакува да ги чуе, но најтешко се одлучува да ги каже. Првото „Те сакам“ е пресуден момент во секоја врска. Откако оваа изјава ќе биде кажана, или поврзаноста помеѓу партнерите ќе се зголеми, или тоа е знак дека секој треба да тргне во своја насока. Па, токму затоа пред да се одлучите да ги споделите вашите чувства, најпрво треба да ги знаете овие 3 нешта.rnrn
rn
Размислете дали навистина станува збор за љубов
rnПред да ги упатите овие зборови некому, најпрво мора да бидете сигурни во нив. Токму затоа и не носите одлуки во моментите на голема среќа или тага. Доколку се подготвувате први да кажете „Те сакам“ во вашата врска, откријте дали навистина се чувствувате така или пак, само во моментов чувствувате силни емоции поради сосема различни и неповрзани со него причини. Опуштете се, дишете и дајте си време да размислите дали овие чувства се вистински. Смирете го умот со медитација и соодветно дишење. Дозволете му на вашиот мозок убаво да ги процесира информациите, а потоа размислете и дали сте го избрале правиот тајминг и вистинската личност за да ги споделите своите најдлабоки емоции.rn
Не е крај на светот доколку тој не ви возврати
rnТочно е дека сите ние сакаме да чуеме дека некој се чувствува на истиот начин како нас, но ако бидете храбри и ги признаете своите чувства, а не добиете ист одговор, нема потреба да бидете тажни, или пак, во иднина да ги избегнувате и криете вашите емоции. Едноставно оваа личност не ви одговарала и можеби подобро што сте го дознале тоа на самиот почеток, отколку подоцна кога ќе ви биде потешко да ставите крај на врската. Да, на почетокот можеби ќе ве боли и вашата суета ќе биде повредена, но како што животот многу пати нè научил досега, „Шоуто мора да продолжи!“rn
Научете да го следите вашето срце
rnНа крајот од денот, само едно нешто е важно: Што чувствува и сака вашето срце? Доколку навистина чувствувате дека вашиот сакан ви недостасува кога не сте заедно, дека едвај ја чекате неговата порака и пеперутките во вашиот стомак не престануваат да ви летаат, а насмевката да ви се симнува од лицето кога сте заедно – нема потреба да го криете тоа од него. Луѓето заслужуваат да знаат дека се сакани. Животот е премногу краток да се кријат овие нешта, се согласувате?