КАФЕ ПАУЗА

Како да ја истренирате интуицијата и да ги предвидите работите кои ќе ви се случат

Како да ја истренирате интуицијата и да ги предвидите работите кои ќе ви се случат

Written by

in

,

Многу често ги слушаме изразите „шесто сетило“ и „внатрешен глас“, но колку можеме да си ги препишеме на самите себе? Постои верување дека интуицијата е нешто со што се раѓаме – или ја имате или ја немате. Меѓутоа, научниците од Њу Орлеанс тврдат дека може да се работи на неа.rnrnКако да ја истренирате интуицијата и да ги предвидите работите кои ќе ви се случатrnrnЕкспертите започнале истражување, со тоа што на испитаниците им давале палети со бои. Прашањето за сите учесници гласело – која е бојата на вашата тага, среќа, возбуда и слично? Тие требале да одговорат во тишина, слушајќи го внимателно внатрешниот глас, бидејќи само на овој начин можеле да допрат до себе.rnrnНа почетокот учесниците биле скептични, но потоа се изненадиле кога сфатиле дека секое нивно чувство е навистина обоено. Тие едноставно никогаш претходно не размислувале на тој начин. Врз основа на ова, истражувачите заклучиле дека доколку го слушаме внатрешниот глас, ќе знаеме како да се поставиме со животните ситуации. Па, ако сфатиме дека нашата среќа е во црвена боја, добро е да носиме црвена облека кога се чувствуваме тажно.rnrnЕкспертите велат дека добар начин за вежбање на интуицијата е и секојдневниот утрински тренинг – потсетете се на соништата кои сте ги сонувале, обидете се да се сетите на деталите во сонот и потоа споредете ги со вистинските случувања во тој ден. Со текот на времето, навистина ќе можете да ги предвидувате нештата.rnrnДали знаете дека шестото сетило има четири нивоа? Дознајте на кое ниво е вашето!